Заев се закануваше со крв по улици, дали е сега среќен?

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во поголем број наврати се закануваше дека ќе има крв по улиците, тензии, насилство и жртви. Заев најавуваше дека е многу можно да падне крв, како и дека имал притисоци тоа да се случи. Ваквата изјава експертите тогаш оценуваа дека е и закана за сите граѓани кои не го делат мислењето на Заев и не го поддржуваат она што СДСМ го прави, пишува „Курир“.

-Не може Заев кој се бори за слобода и демократија да сака да падне крв па макар и од прстот, но гледам дека тоа може да се случи заради тоа што гневот расте. Притисокот кон опозицијата да го предводи тоа е огромен, вели Заев.

И опозициските новинари и истакнати перјаници на Сорос како што се Сашо Орданоски, Бранко Геровски се закануваа со крвави сценарија. Покрај Заев ваков расплет најавува и влијателниот опозициски новинар Зоран Димитровски кој веќе во новиот број на Фокус во насока на подготовка на јавноста разработува сценарио за можна ескалација на собир кој неформално и беше најавен на 9 мај каде се споменуваат и вооружени групи од опозицијата кои би можеле да дејствуваат.

Таквата атмосфера за можно насилство ја градеше и Бранко Геровски кој во своја колумна заговараше доаѓање на СДСМ на власт без избори со бунт.

-Јас сум убеден дека ако Груевски одлучи да свика избори што самиот ќе ги организира и ако за тоа ја добие поддршката од ДУИ, опозицијата ќе одговори одлучно и громко – бојкот, улица, отпор и бунт, напиша Геровски во својата колумна.

Медиумите и експертите повеќе пати објавуваа дека Заев соочен со силата на доказите за неговото криминално поведение  и со неуспехот на неговото сценарио спасот на сопствената кожа го гледа во сценарио за предизвикување на крвави пресметки.

Експертите прашуваат дали сега Заев е среќен?