Македонија

Заев, сепак, ќе оди во Брисел

Заев, сепак, ќе оди во Брисел

Лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе присуствува на утрешната средба во Брисел со еврокомесарот Јоханес Хан.

Во партиското соопштение се наведува дека „изјаснувањето на еврокомесарот Јоханес Хан заедно со генералниот секретар на ОБСЕ, дека конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори 2014 во Македонија содржи бројни недостатоци на изборниот процес за коишто е потребно итно спроведување на препораките на набљудувачката мисија, како и јасно искажаниот повик да се постигне договор за преостанатите точки, односно организирање Влада што ќе ги подготви и спроведе следните избори, го цениме за силна потврда на позициите на еврокомесарот Хан искажани во телефонскиот разговор со претседателот Заев и преку писменото соопштение од Европската комисија“.