Заев си даде месијанска улога или испрати порака од странските служби до сите ЕКС-ЈУ земји?

Дали опозицискиот лидер Зоран Заев си даде себеси месијанска улога, или пак испрати порака од странските служби до сите земји од поранешна Југославија? Ова е прашањето кое се наметнува по вечерашниот очаен настап на Заев на Ал Џезира Балканс, во кој повторно самиот се разобличи и искажа низа контроверзни ставови, пишува Курир.

Заев вечерва си даде месијанска улога, велејќи дека ова што СДСМ го правел, било значајна порака за цел регион, па и меѓународната заедница.

-Мора да знае и регионот, кој што не следи еве преку Вашата ценета телевиизја, па дури и европската заедница, можеби во помал процент вакви девијантни појави има насекаде. Во моментов опозицијата во Македонија врши и регионална и меѓународна работа оти испраќа порака дека во Македонија се “фатени“. Немојте да си дозволите и вие да правите такви работи оти и вие најверојатно ќе бидете “фатени“, рече Заев.

Заев додаде дека тоа било огромен придонес за регионалната и меѓународната слобода и демократија, искажувајќи верување дека покрај тоа што ќе ја врателе слободата во Македонија, ќе помогнеле и на меѓународно ниво тоа да се случело.

Пораката на Заев дека во Македонија ги “фатиле“ е порака и до другите земји од регионот дека може да ги “фатат“. Месијата Заев, самиот себеси си даде месијанска улога за враќање на слободата дури и на меѓународно ниво, што само по себе е смешно, но воедно го покажува и растројството во кое се наоѓа опозицискиот лидер, соочен со мрачното сценарио кое го одработува, а за кое не добива никаква поддршка од народот.

Покрај тоа што ова е еден од доказите дека е незадоволен и нервозен од немањето ефекти од неговите активности, оваа порака на Заев може да се толкува и како порака до земјите од регионот од страна на моќните служби, која ја пренесува Заев во име на неговите пријатели од надвор за кој самиот зборуваше и пишуваше.