Македонија

Заев си го поби сопствениот рекорд во менување на став

Заев си го поби сопствениот рекорд во менување на став

Не поминаа ниту четири часа откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев прво објави дека нема да учествува на разговорите во Брисел, а потоа повторно излезе со соопштение дека по телефонскиот разговор со еврокомесарот Хан пак го променил ставот и оти сепак ќе учествува во разговорите.

Јавноста е во шок. Тоа само по себе говори многу за лидерот на социјалдемократите пред се како  човек и како политичар кој отворено претендира да ја води државата.

Со ова се потврдува она што беше пишувано и објавувано во дел од медиумите дека Заев игра очајни игри за да ги избегне изборите бидејќи е свесен дека ја нема поддршката на граѓаните.

Инаку, неговата експресна промена на ставовите предизвика низа реакции кај граѓаните, поради неговата несериозност и неодговорност и поради тоа што тој си поигрува со нивните чувства без трошка чувство и морал.

komentari_zaev_1

komentari_zaev_2

На социјалните мрежи веќе почнаа да се споделуваат вицови и коментари на сметка на претседателот на СДСМ, а вакви коментари не изостануваат дури ниту кај дел од обичното членство на социјалдемократите.

zaev_place