Заев следи наредби од интелектуалното рекетарско крило на СДСМ

Со последните потези кои ги превзема претседателот на СДСМ Зоран Заев, на очиглед на јавноста стана јасно дека со најголемата македонска опозициска партија и воедно со целата опозиција не управува и раководи Заев, туку истиот слепо ги слуша и само повторува ставовите искажани од интелектуалното рекетарско крило на СДСМ кое всушност раководи со партијата, пишува порталот „Курир“.

Заев во изминатиов период беспоговорно ги следеше наредбите на една група на лица кои се познати по антидржавно делување базирано на деструкција и лични комплекси, но и лица кои зад себе имаат еден куп скандали и низа афери. Имено, ставовите на Заев беа градени по претходно искажани мислења на Љубомир Фрчкоски, Бранко Героски, Сашо Орданоски и првиот човек на соросовата фондција во земјава Владимир Милчин. Она што оваа четворка ќе му го наложеше на Заев, веднаш истото стануваше став и на опозицискиот лидер.

Но, кое е таканареченото интелектуално крило кое во моментов ги диктира ставовите на Заев и СДСМ. Фрчкоски, Героски, Орданоски и Милчин зад себе имаат низа афери кои сега крајно неодговорно и штетно делуваат, притоа држејќи ја во заложништво целата држава и сите граѓани.

Љубомир Фрчкоски –  „најголем криминалец и арамија“

Низа скандали поврзани со криминал, сомнителни набавки, шверц, сведоштва за директна поврзаност со атентатот на Киро Глигоров, брутални навреди кон македонскиот народ стојат зад името на поранешниот министер за внатрешни работи од времето на СДСМ и претседателски кандидат на најголемата опозициска партија Љубомир Фрчкоски, најголемиот хушкач кој буквално ја има киднапирано СДСМ.

Без никаков морален кредибилитет, Фрчкоски е човекот зад кој стојат огромен број на криминални афери во изминатите години. Дури и негови блиски соработници, низ изминативе години директно сведочат за каков профил на човек станува збор, според нивни тврдења, “најголем криминалец и арамија“.

Пред неколку години, во јавноста беше објавено интервју со Роли Јакуповиќ, еден од сведоците на матните 90-ти во Македонија, тогашен прв човек на обезбедувањето на СДСМ

-Најголемиот криминалец и арамија тие десетина години во Македонија – Бобан или Фрчко… Јас одговорно и кривично и материјално тврдам дека тој човек е криминалец. Тоа што го обвинуваат Војо и Ламбе е само 0,001 отсто од тоа што го правеше Фрчко. Па само за презентација за една Нова година потроши 40.000 марки, 1.000 марки даде само за шноли и вратоврски. Да не зборувам за милионските бизниси со фри шоповите, во кои влезе заедно со неговиот брат.
Сигурно се сеќавате на рејбан очилата. Јас и Славчо Саздов му ги понудивме за 15 марки по парче, а тој купи од Србија по 98 марки, вели Јакуповиќ во интервку објавено на 10-ти септември 2006 година во весникот Вечер.

Во истото интервју Јакуповиќ тврди дека Фрчкоски фрлал пари за слики, за скулптури, за што уште не без никакви тендери, се договорено во четири очи за износи од стотици илјади долари.

A36C64B315F41A4AA46CDD60BF1D2FA9

Ватреш: Фрчкоски главен соучесник во атентатот на Глигоров

Атентатот врз претседателот Киро Глигоров е дело на мафијата, категорички тврдеше Осман Ватреш, сараевски новинар и регионален експерт за организиран криминал.

Во интервјуто за Национал објавено во 2002 г., по повторното покренување на истрагата врз основа на кривичните пријави на тогашниот министер за внатрешни работи, тој упорно и со докази тврди дека тогашниот министер Љубомир Данаилов Фрчкоски е главниот соучесник, ако не и организатор на обидот Глигоров да се преплаши и откаже од гонењето на мафијата.

-Знам дека и во Македонија влезе голема сума од тие пари, но вие треба да побарате одговор за тоа прво од поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски, а потоа и од другите. Фрчкоски беше министер во тој клучен момент, кој дозволи цела таа свита да дојде во Скопје, да го разработи својот криминален бизнис. Еден мирен регион да им стане центар на делувањето. Тука им се близу Солун, Истанбул, Софија.  Се разбира Фрчкоски мора да одговори и на многу други прашања кои многу скоро ќе му бидат поставени. Но, не само нему. На пример, на Добри Величковски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање. Два авиона паднаа на македонска почва, а не се знае ништо. Дали можеби одговорот не се крие во списокот на патниците кои загинаа? Тоа треба Величковски да го каже. Се случија низа кривични дела, а не се знае ништо.  Се случи атентат на претседателот Киро Глигоров, а тие велат дека не знаат ништо. Кој ги водеше тие авионски агенции? Мафијашите летаа од скопскиот аеродром. Фрчкоски и Величковски велат дека не знаат ништо, а вечераа со истите тие мафијаши. Се среќаваа во странство, на пример во Цирих, за што има докази, документи, вели Ватреш во интервјуто од 2002 година.

Манжетни за кошула од 2.000 марки, часовник од 45.000 марки

Еден министер за внатрешни, а потоа за надворешни работи на мала земја каква што е Македонија, која не е толку богата и на која секој денар и е потребен, на франкфуртскиот аеродром купи манжетни за кошула кои ги плати две илјади марки, тврди сараевскиот новинар и регионален експерт за организиран криминал.

-А вие знаете колкава му е нему платата. Па, како не му е срам? Тоа се гледа, не може да се сокрие. Или часовник кој Фрчкоски го плати 45 илјади марки. Па од каде му се парите?!… Постои документ, сметка… Тој е поврзан со мафијата. Околу себе има луѓе како Петрит Аме, кои треба да извршат сè што ќе им нареди. Со такви луѓе работеше и работи Фрчкоски. Му се крадат слики, икони од Македонија, фрески од Свети Наум, а тој не знае каде се? А тој вечера и пие со тие луѓе кои го направија тоа, вели Ватреш.

Vladimir-Milcin

Како Милчин и СОРОС ги корумпираат македонските медиуми?

За над 20 години постоење, речиси 100 милиони евра се потрошени од Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ). Ова може да се забележи доколку детално се погледнат финансиските извештаи на Соросовиот институт во Македонија од 1992 година па до денес.

Добро познато и јасно е дека зад разните протести на кои протестираа навидум независни, а всушност партиски активисти на СДСМ, стои силна финансиска поддршка од Милчин.

За актуелниот советник на лидерот на СДСМ Зоран Заев многу пати досега медиумите информираа дека тој троши огромни суми за финансирање на медиуми, невладини организации и новинари кои имаат задача да плукаат по владините проекти, мерки и политики. Но, тука е и случајот каде Милчин со сума близу 200.000 евра финансирала и осомничени во случајот „Пуч.“

Невладината на актуелниот советник на Заев од своето основање во земјава до денеска потрошила близу 100 милиони евра за финансирање политики главно насочени во поддршка на СДСМ. Огромни суми се трошат и за медиумите на опозицијата кои ги раководат луѓе кои се качуваат  на говорниците на партиските митинзи на опозицијата.

Имајќи во предвид дека оваа Фондација отворено ги поддржува и финансира медиумите кои имат улога да ги бранат ставовите и активностите на СДСМ, како Плус инфо, Либертас.., но и невладините организации кои ги поддржуваат политиките на опозицијата, според познавачите комплетиран е мозаикот кој постои меѓу СДСМ и СОРОС.

За парите кои ги дава Сорос за да управува со медиумите посведочи и Саше Политико кој изјави дека Милчин за парите кои му ги дал за неговиот медиум одредувал кој ќе пишува колумни. Голем број на самопрогласени експерти биле богато платени за своите активности.

Финансирањето на Милчин и потрошените близу 100 милони евра отвораат сомнеж дека огромна сума од овие пари завршувале во приватни џебови кај луѓе кои важат за пулени на СДСМ. Покрај медиумите и невладините организации од парите на фондацијата на актуелниот советник на Заев се офајдиле и осомничени во случајот „Пуч“.

Имено, пред три месеци медиумите објавија дека само во последните четири години на сметка на сопругата на петто осомничениот, легнале 130.000 евра.

Повеќе години СОРОС го финансира семејството на петто осомничениот. Изминатите години износот кој на сметката на сопругата бил исплатуван достигнува речиси 200.000 евра. Месечните исплати кои завршувале на оваа сметка се меѓу 2.000 и 3.000 евра. Иако сопругата на петто осомничениот се води како вработена во Фондацијата Сорос на Милчин, ваквата сума на месечна плата сепак е преголема за македонски услови.

gero-480x297

Героски- полицискиот новинар во весникот на Фрчкоски

Уредникот на порталот Плусинфо и весникот Слободен печат Бранко Героски важи за еден од најголемите поддржувачи на Заев и Заев и СДСМ, кој отворено го признава тоа и кој секојдневно му дели совети на претседателот на СДСМ како треба да се однесува и делува, третирајќи го како недоветен. Лидерот на СДСМ пак, беспоговорно го слуша и делува согласно советите на Героски.

Имено, Героски во екото ан преговорите во Брисел излезе со крајно понижувачка колумна кон Заев. Каде како почетник политичар го советуваше првиот човек на опозицијата и дополнително мудруваше за политичките потези кои треба да ги превземе Заев. Со ова практично уште еднаш се потврди дека со СДСМ место Заев управува тесната клика на СОРОС која се води од лични интереси.

Јавноста не ги заборава раните почетоци за пишувањата на Бранко Героски кој своето искуство го стекнуваше преку редактирање  на полицискиот весник на МВР, кој беше под капата на СДСМ. Героски, во 1995 и 1996 година, бил дел од тимот на полицискиот весник „Безбедност“. Во импресумот на гласилото на МВР, стои дека Героски бил дел од редакцискиот одбор. Во тоа време министер за внатрешни работи беше Љубомир Фрчковски, но Геровски свој ангажман за полицискиот весник имал и во времето на министерувањето на Слободан Чокревски, односно во период од управувањето на владата на СДСМ и Бранко Црвенковски. Кога скандалите и аферите се во прашање, тогаш истите не го одминуваат нту овој советник на Заев.

Во јануари 2014 весникот Дневник објави скандал откривајќи фрапантни податоци според кои новинарите блиски до СДСМ биле и сериозни бизнисмени, меѓу кои и Бранко Героски. Потоа, порталот Нетпрес откри дека Героски поседува ни повеке ни помалку туку 5 стана и една викендичка. Според пишувањата на Нетпрес, станбениот простор кој го поседува е над 350 метри квадратни или тоа е површина помеѓу едно кошаркарско и едно ракометно игралиште.

Претходно, во декември 2013 година, уредникот на порталот Мактел Саше Ивановски- Политико откри дека Заедно местеле тендери со Героски.  Имено, според нивните разговори водени на Фејсбук, кои беа објавени на Мактел и  социјалните мрежи, Политико и Героски договарале местење на тендери во општина Карпош.

Ако разговорот е вистинит, во него Героски и Политико договараат реклама од Карпош, за која Героски бара помош, односно бара сајт со сопственик правно лице да му “конкурира“ со повисока цена, па според она што го објави Саше Политико, Героски го прашува уредникот на Мактел дали тоа може да биде неговиот сајт?.

sas

Сашо Орданоски- “со децении живее од крвави косовски пари“

Сашо Орданоски е уште еден од советниците на Заев чии јавно искажани ставови веднаш се застапувани од раководството на СДСМ. Како поранешен претседател на Транспаренси Интернешенел Македонија и зад името ан Орданоски има нзиа аферим кои ги откри новинарот Драган Павловиќ- Латас во една своја неодамнешна колумна.

-Се продава себе за новинар, интелектуалец као со добри врски во дипломатијата. Патем, од новинарска плата во беднииот нискотиражен Форум заработи куќа во Бардовци од брат-брату, по процена, барем милион евра. Во времето на СДСМ стана главен уредник на МТВ без да има завршен факултет, а беше веќе возрасен човек. Мораа да го сменат, по систематизација без школо неможе да ја држи таа функција. Лицемерно, деновиве изјавуава дека го смениле заради бунтовништво. Иди бе браон главо празноглава, поработи уште малку за крвавите косовски пари на Ветон Сурои. Од тие крвави косовски пари Ордaноски живее со децении, им го пуши на косовските олигарси и нивните криминалци, како што ги правдаше и величеше и во случајот со терористите од Куманово, кои за него се жртви на македонската полиција, пишуваше Латас.

Латас тврди дека бидејќи сопругата на Сашо Орданоски е дел од овдешната европска дипломатијата тој, ноќе, добива инсајдерски информации какви никој друг нема. Дури ни ЦИА.

-Тој истиот пушти бува дека уствари Груевски е руски соработник, избраник на Путин, и затоа Западот треба да го собори. Кога Груевски изјави дека стратешки партнер на Македонија се САД и Европската унија, а не Москва, бајлаков Орданоски напиша дека – тоа не е изјава на Никола, туку дека некој му ја подметнал… Монти Пајтон, човече. Па да бил писмен како што не е, Орданоски можел да се сети дека токму Груевски во 2008 година потпиша Договор за стартешко партенрство со САД, единствен таков во регионов. Тонч. Значи, не е тајна дека Орданоски има политички амбиции. Но, иако Сорос подземјето има големи финансиски и дипломатски ресурси, со оглед на лимитираниот интелектуален капацитет на Сашо Орданоски, тој би можел во најдобар случај да му биде потпретседател на Пендаровски. За жал на Стево кој, сепак, не заслужува таква казна, пишуваше Латас.