Македонија

Заев со еуфорични манпулации дека Груевски „капитулирал“ со договорот од Пржино

Заев со еуфорични манпулации дека Груевски „капитулирал“ со договорот од Пржино

Партиските лидери, по маратонските преговори, а со посредство на европратениците Јоханес Хан, Иво Вајгл и едварт Кукан и Рилард Ховит, постигнаа договор за излез од политичка криза. Во интерес на македонскиот просперитет, остапки направија и двете водечки партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и овој пат лидерот на опозицијата, Зоран Заев, продолжи со еуфорична дискредитација на актуелната власт, манипулирајќи со јавноста дека премиерот Груевски, навдно поради снимките од т.н.„Вистината за Макадонија“ бил приморан да поднесе оставка. А опозицијата издејствувала и да добие пет министерства во Владата која ќе  ги организира вонредните парламентарни избори на 24 април следната година.

„Со денешниот договор се потврди се што во континуитет, јас, Социјалдемократскиот сојуз, опозициската коалиција, го докажавме во проектот Вистината за Македонија, дека Никола Груевски и неговите најблиски соработници владеат на криминален и коруптивен начин и дека не победуваат, туку ги крадат изборните процеси, изјави Зоран Заев, по лидерската средба.

Тоа што Заев заборави да го напомене е дека оставката на актуелниот премиер 100 дена пред избори е договорено да стане пракса, односно е  системско решение што ќе важи за сите наредни избори“.  А, интересите на државата според премиерот Груевски, се единствена причина за прифаќање на компромисно решение.

„Како и секогаш досега, ние интересите на државата ги ставивме пред личните и партиските, знаејќи дека СДСМ ќе ја искористи секоја и најмала можност да избега од изборите, дека нивната цел е континуирана криза која ќе ја подрие нашата економија и дека тие само во атмосфера на дестабилизација ја гледаат својата шанса. Се согласивме, од 20-ти октомври па до изборите, СДСМ по претходна консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да даде предлог за технички министер за внатрешни работи, што значи личност која на ниту еден начин не се поврзува со ниту една политичка партија, посочи Груевски на прес конференцијата.

СДСМ, според договореното, ќе може да предложи министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политикано во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. А, заменици ќе предложи во Министерството за финасии, Министерството за земјоделство и Министерството за информатичко општество.

Според постигнатиот договор, опозицијата во септември треба да се врати во Собранието, а во наредниот период треба да се оформат и работни групи од двете партии кои треба ги имплментираат потребните реформи за обезбедување фер и демократски избори.

Актуелната Влада ќе ја поднесе својата официјална оставка до крајот на годинава, а новиот премиер ќе биде номиниран од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Постигнатиот договор во целост прочиттајте го тука