Заев со грчка поддршка во обид да ги делегитимира изборите

Сигурни дека в недела не ги чека ништо освен пораз Социјал-демократите го чекаат 27-ми април со однапред подготвено сценарио за делегитимирање на претседателските и  предвремени парламентарни избори.

Сигурни извори од партијата за Нетпрес тврдат дека Зоран Заев и неговите најблиски соработници веќе имаат скроен план како да ги срушат изборите и дека таква одлука е донесена во најтесниот партиски круг.

Нашите извори го откриваат сценариото, според кое, на деновите на изборите луѓе на СДСМ треба да прават притисок и да исценираат и симулираат инциденти и изборни нерегуларности, а попладнето пред затворањето на гласачките места тие да бидат повлечени. Веднаш потоа, според сценариото на СДСМ, Заев би требало да излезе на прес конференција и да соопшти дека неговата партија се повлекува од изборите.

На тој начин, СДСМ би ги делегитимирал изборите, партиските челници би се обиделе да ја спасат својата политичката кариера, а државата да ја внесат во голема политичка криза и нестабилност. Вака, Заев ќе избегне изборен пораз и ќе си створи можност да го задржи претседателското место во СДСМ.

За оваа одлука, велат нашите извори, Заев не добил поддршка од целото раководство на партијата туку само од нему најблиските луѓе. Не добил доволно поддршка и од базата и покрај жестоките притисоци кои ги правел врз општинските организации за да може да го спроведе замислениот план.

Но, ако за ова не добил поддршка во партијата, Заев за ваквиот план, тврдат нашите избори, добил поддршка од грчки бизнис елити на кои во голема мера им одговара во Македонија да нема успешни избори и тоа да го искористат во корист на грчките интереси.

Заев на ваков чекор се одлучува соочен со сигурен дебакл в недела, знаејќи дека не ја ужива поддршката на граѓаните и дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ е огромна. Неговите надежи за победа дополнително се урнале во вода кога и бизнис крилото се оддалечило и ја оставило партијата без пари. Токму поради ова целиот финансиски товар е префрлен на Заев, кој самостојно ја финансира партијата и смета дека ако тој оди во пропаст и сите останати треба да одат, а со нив и иднината на државата.

Идеи и предлози за бојкот и делегитимирање на изборите по првиот круг од претседателските избори даваа и новинари кои се многу блиски од СДСМ како Билјана Секуловска, Јадранка Костова, Ацо Кабранов, Борјан Јовановски, а најгласен меѓу нив беше Бранко Героски.

Доколку деструктивното сценариото на Заев успее, тоа би било погубно за државата целосно уништувајќи го нејзиниот углед надвор.