Заев со изјава само за опозициските медиуми

Покрај интересот за случувањата во Брисел и присутноста на новинарските екипи, лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги одбегна останатите медиуми и даде изјава единствено за ТВ Телма и Тања Милевска.

Новинарите кои редовно ги следат бриселските случувања велат дека ова на Заев му е четврти пат како селективно дава изјави само за медиуми кои нему му одговараат.

Иако декларативно се залага за слобода за медиуми, Заев очигледно продолжува да ги дели на подобни и неподобни. Веројатно зад ваквата одлука стои стравот од многу прашања за кои Заев одбегнува да даде изјава и став.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.