Заев со нова закана за насилни протести во мај

Се исполнува мрачното сценарио кон кое цели Зоран Заев од самиот почеток со објавување на „бомбите“. Деструктивноста му беше прочитана од страна на јавноста, но, Заев денес испрати нова закана. Имено, опозицискиот лидер се закани дека во текот на месец мај ќе има насилни протести во Македонија, не откривајќи кога и како истите ќе се одвиваат, пишува „Курир“.

-Протест во мај месец ќе има, невиден до сега во Република Македонија, а датумот ќе го определиме заедно со граѓаните надвор од вратите на политиката, одговори Заев на новинарско прашање.

Првоосомничениот во „Пуч“, Зоран Верушевски и петтосомничениот во истиот случај, веќе разговарале на оваа тема.

Тие спомнуваат насилни протести, па дури и граѓанска војна, во својата комуникација преку Скајп водена преку имињата  „Оркестар 11“ и „Кока кола 10А“.

ggraganskavojnaa