Заев соочен со доказите искажува небулози и невистини

Истрагата за „Пуч“ и официјално е завршена. Лидерот на СДСМ, четвртоосомничениот Зоран Заев, соочен со доказите и исплашен од наближувањето на судската постапка очекува и гаи надежи да нема судска разрешница за случајот „Пуч“.

Извори на Прес24 откриваат дека осомничените добиле решенија за затворање на овој дел од постапката. Последна била денешната изјава на Заев пред обвинителите која траеше повеќе од 5 часа. Соочен со доказите Заев не сакаше да ги коментира своите аргументи и својата одбрана. Излезе со став дека процесот треба да биде затворен, истрагата прекината а за Пуч да нема судска завршница.

-Нашата одбрана е вистината за Макеоднија од почеток до крај комплетно искрена и исконска вистина за Макеоднија што со целиот овој порцес денеска веќе толку очигледна толку јасна после увидот во доказите после изјавите и на сведоците и на осомничените е комплетно кристална чиста, изјави денеска Заев пред Обвинителството

По целиот процес на истрага во кој повеќе пати беше во Обвинителството, правеше увид во доказите и даваше свој исказ, Заев денеска единствено откри дека и тој поднел контра пријава за Груевски и Мијалков со која очекува наместо нему, обвинението за Пуч да им биде наменето на челниците на власта , тврдење кое според правниците е небулозно зашто практично значи дека Груевски сам себе си подготвувал Пуч и за тоа треба кривично да одговара.

Лидерот на СДСМ се огради од оперативците во МВР кои се осомничени дека му ги дале прислушуваните разговори. Токму во признанието на шестоосомничениот како и во комуникацијата на Верушевски со петтоосомничениот јасно беше кажано дека тие го вршеле прислушувањето по налог на Верушевски а во еден разговор беше обелоденето и дека се што тие поседувале завршило кај Заев.

-Јас петто и шестоосомничениот не ги познавам, начинот на нивно однесување е нивно односевување и нивна одговорност, рече Заев.

По денешното решение за затворање на истрагата обвинителите имаат рок од 15 дена да го состават и достават обвинителниот акт. Со ова случајот Пуч сериозно се доближува до судницата во која транспарентно ќе треба да се води постапката за сериозните кривични дела кои им се ставаат на товар на осомничените.