СДСМ манипулира и лажно обвинува за политичка лустрација

Полека, но сигурно и на очиглед на сите здраворазумни граѓани на Македонија, лидерот на опозицијата, Зоран Заев, не отстапува од намерата се што му стои на патот кон власта грубо да оцрни, да дискредитира, а притоа употребувајќи голема имагинација на брутално испревртување на факти и настани.

Денеска, Заев одлучи т.н. бомба да ја објави од Битола, преку неговиот гласник Васко Ковачевски, кој најави ударничко „враќање на слободата, демократијата и правдата во Македонија“.

Најавувајќи ги спектакуларно креираните разговори, посочи дека во нив, за Зоран Ставрески градоначалникот на Битола Талевски бил „криминалец“ и пуштајќи ја репризно уште еднаш аудио снимака, која наводно била доказ за криминал на Талевски.

Неминовно, на дневен ред дојде и најголема болка на опозицијата, лустрацијата и како што триумфално најавија, покажувале доказ дека лустацијата била селективна  и се разбира контролирана, од кој друг, ако не партискиот врв на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Дека „процесот на лустрација власта го претворила во политичка сатанизација на неистомислениците. Дека целта на  таканаречената „Комисија за верификација на фактите“ не е да расчисти со неправдите од минатото, туку на неправеден и незаконски начин да ги санкционира сите оние, коишто и пречат на актуелната власт“.

Па, од Гордана Јанкуловска дека именувала некој со „банда“, до договорот меѓу Антонио Милошоски и претседателот на Комисијата за верификација на факти, Томе Аџиев на кој начин да биде спроведена постапка за лустрација.  За Заев, клуч на равенката била тоа што Милошоски, наводно му вели на Аџиев дека некој  Живко Туфегџиев, од Кичево поднел иницијатива за сомнение за судијата Драги Билевски од Кичево, кој воено правел големи проблеми и бил дел од корупцијата во градот.
Обвинија дека шефот на кабинетот на премиерот, Матрин Протугер давал насоки за политичка лустрација. Но, вистински докази никаде нема, па ни во креираните телефонски разговори.

Повторно манипулации дека се’ било јасно како ден, но едно е јасно дека овие гротескни игри на опозицијата тешко дека некој ќе ги „проголта“. На овој начин, тешко дека Заев ќе ја „огрее“ Македонија и ќе ја направи подобро место за живеење за сите нејзини граѓани.
Тој веќе не ја предизвикува ниту посакуваната еуфорија кај својата публика, а камо ли кај граѓаните кои вистински расудуваат што во моментот навистина и е потребно на оваа земја.

bomba19(1 (1)