Заев стана жртва на лажниот црногорско-македонски принц

Премиерот Зоран Заев наседна на измамите на лажниот принц кого италијанската полиција минатата година го уапси за лажно се претставување како принц на Црна Гора и Македонија, а негови „жртви“ биле и познати личности од целиот свет.

57-годишниот Стефан Чернетиќ на Заев му подарил и орден, а премиерот го дочекал заедно со неговиот син и сопругата во зградата на владата на Република Македонија.

По „одликувањето“ на македонскиот премиер Зоран Заев, измамникот за кого пишуваше и британски „Дејли Меил“ постирал фотографии од „церемонијата“ на неговиот Фејсбук профил.

Во истиот период Чернетиќ го кршетвал и синот, а на свечената церем онија бил и македонскиот архиепископ г.г Стефан.

Минатата година покрај Чернетиќ беше е уапсено и лицето С.С. со италијанско државјанство, кој се претставувал како амбасадор на Македонија во Италија и двајцата организирале хуманитарни и гала настани, посредувале за остварување бизнис и културни врски и давале лажни титули и признанија.

На гала церемонија во Џенова, лажниот принц ѝ доделил титула „грофица на редот на лилјанот“ на поранешната актерка, а сега активистка Памела Андерсон.

Тој тогаш рекол дека ѝ ја доделува титулата поради нејзиниот „храбар придонес за заштита на морските животни“.

Влезницата за гала-свеченоста изнесувала 120 евра.

Чернетиќ често патувал во Монте Карло каде се претставувал како принц за да се „пикне„ во високото друштво и да се фотографира со Алберт, принцот од Монако, но и со Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, убедувајќи ги сите дека е дојден за да ги зацврсти дипломатските односи меѓу земјите и да ја прошири нивната соработка.

Чернетиќ на една од веб-страниците отворени за поткрепа на неговиот лажен идентитет го објавил „семејното дрво“ според кое тој е син на грофицата Снежана Аврамовиќ и кнезот Онорато Чернетиќ, односно Црнојевиќ, потомци на славната црногорска лоза, што според „податоците“ на страницата влечат корени уште од времето на Гај Јулие Цезар.

Амбасадата на Црна Гора испратила допис до Министерството за надворешни работи на Италија на 21 октомври, 2016 година во кој се вели дека  Чернетиќ лажно се претставува како принц на Црна Гора и Македонија.

Во интервју за италијански медиум Чернетиќ рекол дека Тито му оставил на неговото семејство стан во Белград и дека татко му се борел на страната на нацистите. Наводно бил ранет во Малта, па го спасиле Англичаните и потоа се борел за нив до крајот на војната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.