Заев станува се покомичен автор на луди сценарија

Претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, продолжува да пласира небулозни и контрадикторни тези  во јавноста дека Владата во континуитет четири години самата себе си  се прислушувала. На вчерашната прес конференција  со објавувањето на петнаесетата бобма по ред, Заев во негов познат стил на лажни конструкции и нелогични анализи  тврдеше дека  Управата за Безбедност и Контраразузнавање  набавила опрема за прислушување од Израел, за истата да биде употребена за 24 часовно прислушување на функционери и членови на највисокиот државен врв.

Првиот човек на опозицијата во неговиот очаен  обид да ја дискредитира власта полека но сигурно станува лидер кому ни сопствените членови од партијата повеќе  не  му веруваат во тоа што го говори. Со секое ново објавување на така наречените бомби кои до сега немаше никаков одзив кај граѓаните, Заев самиот себеси се компромитира при тоа губјќи го својот авторитет и кај неговите сопартијци.
После секоја ново објавена бомба, претседателот на СДСМ, остава зад себе многу прашања не одговорени, контрадикторности и сомнежи. Тој станува препознатлив по неговата недосленост и ирационални заклучоци. Комичност или апсурд, единствено, Заев  умее да напише сценаријао во која Владата не си верува самата на себе, па затоа одлучила секој нејзин член да биде подложен на повеке годишно телефонско прислушување, следејќи ги во секој сегмент од нивниот приватен живот.

Според првиот човек на СДСМ,  неверувањето оди дотаму достигнувајќи вистинска кулминација кога луѓето од самиот  државен врв почнале и самите на себи се да не си веруваат па доброволно и свесно ја прошируваат листата на прислушувани со допишување на нивните лични броеви. Неуспехот и поразот кои во континуитет го доживува  опозициската партија е само рефлексија на сите досегашни лаги и измами со кои несовесно ги рушат сите  морални принципи на однесување, нанесувајќи и штета на имиџот и угледот на државата. Инаку  вчерашните безкрупулозни обвинување од страна на Зоран Заев кои беа изнсенеи во објавуањето на така наречената 15-та  „бомба“,  со кои го обвини Директорот на УБК, Сашо Мијаклов за поткуп  и корупција, веднаш беа  демантриани. Првиот човек на  УБК, Мијалков ги демантира тврдењата на претседателот на СДСМ  дека објавените разговори се однесуваат на провизија, туку на донација, а истовремено  најави  дека ќе поднесе  тужба против Зоран Заев.
Тој посочи дека биле изнесени огромен број лаги и конструкции со кои повторно му нанеле огромна штета на министерството за внатрешни работи како институција, но и  лично нему како директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.  Од Министерството за внатрешни работи  информираа  дека станувало збор за донација за опрема  која не била намента за следење на комуникации, туку  за припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.