Македонија

Кога Заев тужи судот има кредибилитет

Кога Заев тужи судот има кредибилитет

Секогаш кога Заев треба да тужи, да добие спор и можеби и финансиска оштета од добиен спор, тогаш судот има кредибилитет и признавање од Заев, тогаш ќе се појавува на рочиштата и тогаш судијата кој му го води случајот нема да е од „тефтерите на Гордана и Сашо“ и под „директна контрола на Груевски“, пишува „Курир“.

Порталот се повикува на пишувањата на „Струмица Денес“ дека Зоран Заев се појавил во основниот суд Струмица во случајот во кој лидерот на СДСМ има поднесено тужба против Страшо Милковски, претседател на ГРОМ во Струмица.

Станува збор за истиот Зоран Заев кој го прогласи судството во Македонија за нелегитимно и под директна контрола на Груевски, најавувајќи дека „не го признава правосудството како независна власт по устав и закон“, како што изјави самиот кога најави дека нема да се појавува на суд во рочиштата за случајот „Пуч“. Сега се чини дека судството е партизирано и неуставно само кога Заев треба да одговара за обвиненијата за барање поткуп и обид за насилство врз институциите, пишува „Курир“.

Секогаш кога Заев треба да тужи, да добие спор и можеби и финансиска оштета од добиен спор, тогаш судот има кредибилитет и признавање од Заев, тогаш ќе се појавува на рочиштата и тогаш судијата кој му го води случајот нема да е од „тефтерите на Гордана и Сашо“ и под „директна контрола на Груевски“.

„Курир“ нагласува дека ова е само уште еден доказ дека двојните стандарди не се новост за лидерот на СДСМ, туку негов начин на живот. Заев не ги признава поразите ни на избори ни на суд – тогаш кога тој губи, друг му е крив.

Се очекува истата песна да ја пее и по поразот на изборите во април 2016-та и повторно политички да се обиде да ја дестабилизира Македонија, иако се потпиша на документ кој ќе гарантира спроведување на избори по негови стандарди.