Заев тврди дека сам ги слушал материјалите за кои се потребни речиси 30 години

Лагите на Заев продолжуваат да се редат во низа. Откако излажа дека не го познава Верушевски, па призна дека имал тесна соработка со него, откако сам се заплетка во сопствените лаги за тоа дали материјалите му се од странски служби, македонски служби или граѓани-поединци, кога јавноста дозна за писмото кое тој му го напишал на Верушевски, Заев ја призна и автентичноста на пишаното, објавува Курир.

Но, со контрадикторните изјави и лагите кои комотно ги кажува, Заев не застана тука. Тој неколкупати ја повторува лагата дека материјалите кои ги најавува како “бомби“ и кои ги поседува, ги преслушувал сам.

Проста математика за сложена лага на Заев

Зоран Заев влеа страв кај македонските граѓани кога обелодени дека има материјали од прислушувани разговори на 26.000 луѓе, а 300 од разговорите се само од него.

Да земеме, најкраток можен телефонски разговор од 2 минути. Ако од Заев има 300 разговори кои траат по 2 минути, тогаш од неговите разговори има 10 часа материјал.

Ако е точно дека поседува материјал за 26.000 лица и со нивните разговори да го пресметаме минимумот.

За слушање на материјалите на едно лице, според минимум траење на разговорите, трошел по 10 часа.

26.000 лица по 10 часа е материјал од 260.000 часови. Тоа се неверојатни 29,6 години кои се потребни да се преслушаат сите материјали кои Заев тврди дека ги слушал сам.

Каква е оваа лага на Заев? Тој тврди дека сам преслушувал материјали, за кои е потребно нешто помалку од 30 години. И тоа- без да јаде, без да спие, без да излезе, без да пишува или куца, без да работи…само да слуша материјали!

Ова, господине Заев, ви е лага на годината!

Со ваквото однесување, лидерот на македонската опозиција ја потцени интелигенцијата на народот. Зарем навистина не размисли пред да каже дека сам преслушувал материјал за што е потребно скоро 30 години? И зарем навистина очекуваше македонските граѓани да му поверуваат?

Заканите ги насочи и кон сопартијците

Откако влеа страв кај македонските граѓани, заканувајќи се дека поседува материјали за гоелм број од нив, Заев единственото што го постигна е да внесе чувство на терор и закана кај оние од кои очекува утре да добие глас на избори.

Но, одлучи да продолжи со закани. Тој им предочи и на своите сопартијци и коалициони партнери дека поседува материјали и за нив, со што директно ги држи под уцена. Тој им вели нив дека и тие биле “ставени на машина“.

-Некои лидери се менувале, па нов е ставен претседател на помалите политички партии, Бранко Црвенковски бил исто така долг период. Јас, Радмила, Стево Пендаровски гледам дека сме во еден сличен период ставени на машина, јас го нареков тоа машина, претпоставувам тоа е некоја машина што го прави тоа. Кога дефиниравме дали Заев или Радмила ќе биде мандатор за Влада 2011 година, месец дена претходно се правеа анкети, а Стево беше дел од тимот на Радмила Шеќеринска заедно со Зоран Јовановски во тоа време, а уште неколку членови на тогашното раководство на СДСМ. Но тука е Тито Петковски, Андреј Жерновски, Јово Манасиевски, Љупчо Георгиевски, Љубе Бошковски и така натаму, рече синоќа Заев во своето гостување во Алсат.

Заев се заканува и на новинари

Лидерот на опозицијата неколку пати досега спомна дека во раце држи и материјали против новинари. И може да ги употреби против новинари.

Тоа го повтори уште еднаш во изјавата за Алсат М. Рече дека уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ-Латас е прислушкуван дури и повеќе од него.

Зоран Заев многумина “држи под нишан“. Тој постојано го зголемува бројот на лица за кои тврди дека поседува материјали. Тоа е држење под уцена и со тоа може само да внесе страв кај повеќе граѓани и лица од јавниот живот, а уште не е јасно како тоа на крај ќе го искористи против нив.