Заев убедува дека Македонија нема да се редефинира, партнерите го демантираат

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако се фати на орото со платформата на албанските партии, од петни жили се обдува да го „смири“ македокиот народ дека иако на јавноста и’ се добро познати сеператистичките барања на ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците, тој немало да дозволи федерализација на Македонија.

Неговите обвинувања дека зад сето ова стои наводната заштита на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, сега единствената македонска партија која во Собранието треба да ги штити интересите на македонскиот народ, веќе не поминуваат ниту кај членството на неговата партија. Секое негово јавно излегување, или на некој од раководството на СДСМ, веднаш е демантирано од албанската политичка страна, која безкруполозно и на „дипломатски“ начин постојано го потсетува за причината поради која тој ја доби нивната поддршка за формирање на нова влада.

Влада, која под превезот на наводна заштита на човековите права на малцинствата во земјава, во позадина всушност ја има единствената цел – редифинирање на државата, а со тоа загрозување на нејзината унитарност, промена на Уставот и на крајот федерализација на Македонија.

Дека барањата на БЕСА се недвосмислени во однос федерализација и кантонизација по швајцарскиот принцип, нешто што го промовираше и Заев во својата изборна кампања, јасно го потенцираше вчера лидерот на оваа политичка партија, Биљал Касами, и тоа веднаш по средбата со еврокомесарот, Јоханес Хан.

Тој уште еднаш, јавно го потсети Заев, дека потписите му се дадени, за кога Македонија ќе излегла од криза, да се отвори патот кон реализација на повеќедеценискиот стремеж на албанскиот фактор во земјава, а тоа е редефинирање на Македонија. А, што понатаму значи тоа? Не се сведува на хипотетичка теза, туку оформен план, запечатен во Тирана, за кој веројатно мали се шансите за отстапки, кога палката навидум ја држи Зоран Заев.

Платформата на БЕСА е редифинирање на државата. Сакаме да придонесеме да излеземе од длабоката криза во која се наоѓаме, и да поченеме една широка дебата за платформата. Нема тиранска платформа, има само една декларација на политичките партии на Албанците за барањата кои се присутни веќе 25 години во демократскиот систем, кои треба да се реализираат согласно Уставот и законите во Македонија – потенцира Касами.

Како мисли Заев граѓаните да му веруваат дека не ги договарал овие работи со албанските партии, и дека ќе ја зачувал унитарноста на земјава (а тоа ќе сме го виделе само да дојде на власт), кога седнува на маса и договара поддршка за влада со човек кој отворено вели дека застапува редефинирање на Македонија.

Или повторно ќе ја убедува јавноста дека тој е демократ и не може да спречи дебати за федерализација на Македонија, бидејќи некои „експерти“ би можеле да потврдат дека и ова барање на Албанците е уставно? Според планот на Заев, со мало „излегување од рамките на Охридскиот договор“, за што тој се залага, веројано и ова ќе излезе сосема правно прифатена рамка, која Македонија треба да ја верификува, бидејќи се работи за човекои права кои не задираат во државните и националните интереси.

Пред Касами, Заев неколку пати го демантираа и од ДУИ, но и третиот негов политички партнер Зијадеин Села, лидерот на Алијансата на Албанците, човек кој секојдневно ја бомбардира македонската јавноста со скандалозни изјави од типот:

„Македонскиот народ и идентитет не постои“, „Никогаш нема да станам на македонскта химна, ниту ќе се фотографирам со македонското знаме“.

Тој дури најави и како ќе функционира новата власт која предвидува поголема регионална автономија, за која впрочем се залага и Заев во неговата програма. На предизборен митинг гордо кажа дека ќе брка Македонци од работа како технолошки вишок, а на нивно место ќе вработува Албанци.

Регионалните министерства тука во Струга нема да имаат вработени 20 отсто Албанци или 10 отсто или ниту еден, туку 65 отсто ќе бидат Албанци. Македонците ќе излезат како технолошки вишок затоа што ги имаат зафатено нашите места, рече Села.

Села најави формирање на федерација доколку Македонија не станела бинационална држава.

Зијадин Села прв му ја даде својата поддршка на Зоран Заев за формирање влада. А, Заев великодушно прифати. Според тоа, значи дека стои зад секој збор што периодов на јавна сцена го кажа Села, и ниту еднаш не се огради од националистичките ставови на лидерот на Алијансата, ниту рече дека има нешто против тоа.

И ДУИ, која т.н. „Тиранска платформа“ ја искористи да се наметне повторно како најсилен албански политички фактор, преку нејзините гласноговориници, го демантраше самопрогласениот победник на последните парламентарни избори.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во телевизиско интервју посочи дека во преговорите со СДСМ, Заев прифатил двојазични банкноти и разговор за промена на знамето, химната и грбот. Покрај тоа, Османи призна дека амблемите на војската и на полицијата ќе бидат и на албански јазик, во општините каде што Албанците се над 20 отсто, и во градот Скопје, како и дека за непочитување на тоа ќе има казни во висина од три до пет илјади евра.

Османи потврди и дека СДСМ се подготвени да гласаат за геноцид врз Албанците од страна на Србите, барање кое како дел од Тиранската платформа е прифатено од лидерот на СДСМ.

Османи поосчи дека за прашањата кои бараат двотретинско мнозинство како промена на химната, знамето и името се бара започнување на дијалог со цел да се изнајде конечно решение.

Ова го потврди и Зоран Заев, при изложување на „владината“ програма на СДСМ, и како соломонско решение на ова, големиот демократ праша, кој бил тој „да запре дијалог за некое прашање, со што би се подобрил животот на некоја етничка заедница“.

Народот кој веќе 23 дена масовно излегува на улица е единствениот показател колку Заев треба да верува дека го убедил Македонецот дека има „чесни намери“ само за да се дограби до власт.

Самопрогласениот лидер на граѓанска и мултиетничка Македонија, треба да престане со манпулации и јавно да застане зад државните интереси. Еднаш засекогаш да се затворат прашања за кои нема потреба никаква дискусија, па дури ни експертска, бидејќи, одговорност пред граѓаните имаат политичарите, не некои самопрогласени експерти.

Време е СДСМ да почне да се однесува како одговорна политичка партија, која ќе се грижи за сите граѓани во земјава, но, притоа Македонците како државотворен народ, нема во сопствената држава да се чувствуваат како туѓинци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.