Заев уште еднаш фатен на дело: Паднаа соработниците на Верушевски кои признаа дека работеле за пари за странски служби

МВР ја продолжи истрагата во врска со случајот „Пуч“ при што уапсени се две лица, кои соработувале со веќе пријавените во истиот случај. Едниот од приведените е 49-годишно лице вработено во МВР, а вториот уапсен е поранешен вработен во МВР за кого во 2013 му е раскинат договорот. Двајцата биле вработени во 90-тите години.

-Двајцата биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности и чекори за кои биле богато финаниски наградени. Од првично направените проверки имотот на двајцата е несразмерно зголемен, односно анализите кои досега се направени покажуваат дека станува збор за стотици илјади евра во готовина но и во акции кои завршиле кај нив. Лицата се сомичат за кривични дела шпионажа и насислтво према претставници на највисоките државни органи, истакна помошник минитерот за односни со јавност, Иво Котевски.

По наредба на јавен обвинител извршен бил претрес на 5 локации во домови и други објекти при што запленети се 5 лаптоп компјутери, три куќишта од компјутер, 19 мобилни телефони од кои 6 со сим картички, 100 CD и DVD, 110 видео и аудио касети, 14 флопи дискови, 17 хард дискови, како и 9 штедни книшки.

Од запленетите книшки, четири девизни се од Стопанска банка со штеден влог со вредност од околу 13 илјади евра и 5 од Еуростандард банка од кои 2 девизни со штеден влог 24.600 евра и три денарски книшки со штеден влог од над 9 милиони денари.

Судија на претходна постапка на еден од уапсените му одредил мерка притвор, а според првичните информации тој посочи како го сторил делото за кое е осомничен.

МВР најавува дека во иднина продолжува со истрага за случајот „Пуч“ во координација со Јавното обвинителство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.