Заев: Утврдивме една опција прифатлива за двете страни

Македонскиот премиер Зоран Заев на денешната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Софија кажа дека  утврдиле една опција што може да биде прифатлива за двете страни, во однос на решавање на спорот со името.

„Утврдивме една опција што може да биде прифатлива за двете страни, но мораме да внимаваме како тоа ќе биде институционално спроведено. Мораме да разговараме со претседателите на двете држави, со другите лидери, со шефовите на опозициите“, изјави Заев на прес-конференцијата по средбата на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Доколку утврденото решение биде прифатено во двете земји , тоа ќе биде официјализирано.

-Ако нема решение ќе биде одложена одлуката на ЕУ, но пријателството останува и тоа ќе расте. Би било убаво тоа решение што е прифатливо и за двете страние да биде упште сега, имајќи ги предвид состанокот на Европскиот совет во јуни и НАТО самитот во јули. Тоа е нашата желба, но ако е возможно. Ако не е возможно, ќе продолжиме со барање на решение. Многу е решено, имаме и опција која би можела да биде прифатлива за двете страни. И ако тоа во земјите внатрешно е потврдено, би било и официјализирано, рече Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.