среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 17

Заев уверен дека ќе ја формира владата пред истекот на рокот од 20 дена

Откако Претседателот Ѓорге Иванов му го даде мандатот, Заев рече дека се надева дека ќе ја формира владата за десет, а можеби и помалку денови

Поврзани вести

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека очекува да ја состави новата влада пред истекот на рокот од дваесет дена, откако претходно во средата Претседателот Ѓорге Иванов му го додели мандатот.

Зоран Заев рече дека се надева оти ќе ја формира владата за десет, а можеби и помалку денови, а за тоа, како што од поодамна е познато разговара со ДУИ, Беса и со Алијансата за Албанците, чиишто пратеници со своите потписи му овозможија да го побара мандатот од шефот на државата.

 

„Како мандатар и иден премиер се обврзувам дека новата реформска влада ќе гради граѓанска, унитарна и европска Македонија. Сите сили ќе ги насочиме да изградиме правда и правна држава, да обезбедиме услови за квалитетен живот на сите граѓани во Македонија со меѓусебно разбирање, кон почитување на мултиетничноста во државата и Рамковниот договор. На овој начин само ќе ги отвориме вистинските перспективи на граѓаните и на современа, модерна и евроатлантска Македонија“, рече Заев.

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека очекува да ја состави новата влада пред истекот на рокот од 20 дена. Откако Претседателот Ѓорге Иванов му го даде мандатот, Заев рече дека се надева дека ќе ја формира владата за десет, а можеби и помалку денови. За формирањето влада ќе разговара со ДУИ, Беса и со Алијансата за Албанците.

 

„Како мандатар и иден премиер се обврзувам дека новата реформска влада ќе гради граѓанска, унитарна и европска Македонија. Сите сили ќе ги насочиме да изградиме правда и правна држава, да обезбедиме услови за квалитетен живот на сите граѓани во Македонија со меѓусебно разбирање, кон почитување на мултиетничноста во државата и Рамковниот договор. На овој начин само ќе ги отвориме вистинските перспективи на граѓаните и на современа, модерна и евроатлантска Македонија“, рече Заев. и истакна дека денеска точно две години од „големиот опозициски протест“ во Скопје, го добива мандатот за составување влада.

Најчитани вести