Заев вечерва во битка за спасување на партиската фотелја

Заев вечерва ја почна својата операција за спасување на претседателската фотелја на Бихаќка. Како што веќе објавија медиумите, денеска во седиштето на СДСМ беше одржан Централен одбор на партијата на кој, членовите биле повикани објаснувајќи им дека лидерот ќе ја презентира новата платформа на партијата.

Извори од СДСМ за порталот „Прес 24“ велат дека сепак, целта на Заев била да ја почне постапката преку која општинските одбори на СДСМ ќе започнат со процес на предлагање на нови делегати во Конгресот на СДСМ, кој пак е директно надлежен за неговиот претседателски мандат.

За потсетување, Зоран Заев со самото доаѓање во СДСМ издејствува од партијата да добие можност сам да назначува и разрешува претседатели на општинските одобри на партијата. Тоа му обезбедува директно да ги контролира и делегатите кои ќе бидат избрани во Конгресот на СДСМ и на тој начин да си обезбеди мнозинство за да може да остане на чело на партијата.
Како што наведува порталот, во СДСМ не цветаат рози и претседателската позиција на Заев е сериозно загрозена.

Проблемите за Заев стануваат уште поголеми со растот на незадоволството и комплетното отцепување на крилото кое традиционално важи за блиско до Бранко Црвенковски.
Извори од партијата велат дека дел од истакнатото членство на СДСМ и луѓе со огромен партиски бекграунд воопшто не се појавуваат на Бихаќка. Партиски извори велат дека дел од нив добивале и индиректни но и директни закани дека и за нив ќе бидат објавени прислушувани разговори доколку се обидат да се спротивстават на политиката на актуелниот лидер.
Токму затоа, Заев ја почнува операцијата за спас на својата позиција во партијата преку назначување на свои делегати. Познавачите на состојбите во СДСМ велат дека лидерот е свесен дека има се помала поддршка од своето членство и затоа ќе се обиде на овој начин да се осигура дека нема да биде сменет штом почне судскиот процес за аферата „Пуч“, во која според сите информации, Обвинителството располага со сериозни докази кои пред кои нема да може да замолчи ниту меѓународниот фактор.

На вечерашнта седница почнала постапката за кандидарање на делегати за партискиот Конгрес, објави „Прес 24“.