Заев веќе му се нафрли на правосудството, бара разрешувње на Зврлевски

Како што можеше да се претпостави од досегашните изјави и во прв ред од она што го загрижува актуелниот социјалдемократски премиер Зоран Заев, неговата влада во вторникот на својата втора седница донесе решение да иницира постапка за разрешување од должноста на Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Откао наместо за зголемување на платите и пензиите, првата изјава на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, беше директно насочена во разрешувањето на сопствените проблеми и веднаш побара оставка од Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски.

Како што се наведува во владиното соопштение, ваквата одлука била донесена поради наводно незаконско и ненавремено извршување на функцијата, согласно законските одредби, и тој ќе биде доставен до Советот на јавни обвинители на Република Македонија и да побара мислење.

За волја на вистината, во Јавно обвинителство се води постапка против Заев за случајот „Поткуп“, кој е осомничен за „Поткуп“, за што постои видео снимка која е законски прибавена со одлука на обвинител и суд. На неа јасно се гледа како сегашниот премиер како тогашен струмички градоначалник бара поткуп од струмички бизнисмен, и како кажува дека многу други фирми од општината во којашто во тоа време  е градоначалник веќе му дале поткуп, чудејќи се како соговорникот бизнисмен не ги знае „правилата“ на Заев.

За волја на вистината, во Јавно обвинителство се води постапка против Заев за случајот „Поткуп“, кој е осомничен за „Поткуп“, за што постои видео снимка која е законски прибавена со одлука на обвинител и суд. На неа јасно се гледа како сегашниот премиер како тогашен струмички градоначалник бара поткуп од струмички бизнисмен, и како кажува дека многу други фирми од општината каде е градоначалник веќе му дале поткуп, чудејќи се како соговорникот бизнисмен не ги знае правилата.

Меѓутоа, очигледно Заев е заинтересиран само за тоа како да го избегне обвинението за „Поткуп“, а затоа и по несфатливо итна постапка се бара разрешувањето на Зврлевски.

Со тоа се остваруваат најавите дека СДСМ, наместо остварување на предизборните ветувања за подобрување на животниот стандард на граѓаните, ќе се обиде да влијае врз судството, најавувајќи целосен резибор на судиите. А, како што сеќава македонсаката јавност, кога СДСМ изведува вакви „интервенции“, тоа значи, како во 1996 година, избор на 600 судии одеднаш.

Потегот на Заев можеше да се насети уште во понеделникот, кога поранешниот министер за внатрешни и надворешни работи, Љубомир Фрчкоски сега во ролја на главен осмислувач на антиреформаската кампања на СДСМ, во својата колумна, меѓу другите, „реформи“ напиша „Реизбор на судиите (комплексен проект со учество на странци, некои модели од соседството се корисни. Она што е важно е да се изберат судии на начин што ќе ги стабилизира од коментари дека биле „нивни“, а сега се „наши“, а тоа учеството на странци во изборот може да обезбеди)“.

Многи интересно, исто така, како ќе реагира меѓународната заедница на ова директно вмешување на власта на СДСМ во македонскиот правосуден систем. Откако, особено ЕУ остро реагираше на сличните обиди во некои свои земји членки. Сепак, имајќи предвид, дека Заев е востоличен на позицијата токму со непосредна интервенција на „меѓуанродната“, може да се претпостави дека Брисел молкум ќе мине преку ваквите зафати на актуелната извршна власт во судската. Чијашто независност, нели, инаку е демократска придобивка.