Заев веќе неможе да го скрие стравот од избори

Опозицискиот лидер Зоран Заев повеќе не може да го сокрие стравот од изборно соочување со волјата на народот. Заев отворено почна да ја спомнува можноста за одложување на изборите, пишува „Курир“.

Порталот потсетува на вчерашаната изјава на лидерот на СДСМ за агенцијата „Мета“ во која рече дека изборите можеби ќе се одложеле за јуни или септември.  Заев ниту ги потврдува, ниту ги демантира шпекулациите за одложување на изборите во јуни, но ја отвора и можноста тие да се одложат дури за во септември.

За конкретни датуми ќе разговараме на средбата со Јоханес Хан во Скопје, но, тоа не значи дека изборите не можат да се одржат во април или во јуни. Можеби ќе заклучиме дека идеално за одржување на изборите ќе биде септември, изјави Заев.

Опозицискиот лидер очигледно повеќе не може да го скрие стравот од избори, па отворено ја споменува можноста за одложување на изборите.

ДУИ и ДПА согласни: Изборите ќе се одржат на 24-ти април

Од друга страна…