Македонија

Заев верен на советите од СОРОС- манипулира со лажни изјави на безимени граѓани

Заев верен на советите од СОРОС- манипулира со лажни изјави на безимени граѓани

Со измислени наводни цитати дека некој наводно кажал нешто за Зоран Заев и СДСМ, Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, се обидува да ја манипулира јавноста и да злоупотребува деца и граѓани од различни региони, со цел исполнување на замислите и желбите на Зоран Заев, со информирање на јавноста не за тоа што се случило туку за нешто што не се случило, а сакале да се случи, пишува порталот „Курир“.

Наместо видео материјал или изјави со имиња од граѓани, СДСМ испрати до јавноста соопштение во кое самите си пишуваат цитати од неименуван жител на Жировница.
Наместо видео материјал или изјави со имиња од граѓани, СДСМ испрати до јавноста соопштение во кое самите си пишуваат цитати од неименуван жител на Жировница.
 После повеќегодишно објаснување дека СДСМ се залага за објективно информирање на јавноста, за објективно новинарство и професионални стандарди во новинарството и информирањето на јавноста, вчера како и многу пати досега, Заев и СДСМ уште еднаш го покажа своето вистинско лице односно пред целата јавност како тие го подразбираат и практикуваат објективното и вистинито известување.

Соочен со критики од членството поради водење на салонска политика како и критики од опозициските експерти поради бегањето од јавноста и директните контакти со граѓаните, вчера Заев се реши на момент да излезе од неговиот филмуван свет и да го посети реканскиот крај.

И уште додека траеше посетата на Заев во Жировница, тој и СДСМ уште еднаш покажаа дека единствено нешто за што ги бива е правењето на конструкции, за кои се спремни и самите да си пишуваат наводни изјави од наводни граѓани, наводно кажани на средбите со Заев.

Имено, наместо видео материјал или изјави со имиња од граѓани, СДСМ испрати до јавноста соопштение во кое самите си пишуваат цитати од неименуван жител на Жировница.

itel-zirovnica

Преку соопштение во расказна форма, со повторување на тезите кои секојдневно ги пласираат во јавноста и со измислување на цитати и изјави од неименувани жители дека наводно нешто изјавиле, СДСМ се обиде да ја претстави посетата на Заев, како многу успешна и посетена, без изјави, без прикажување на разговор и покрај тоа што објавуваат и видео материјал во кој нема ниту еден збор од добро срочениот цитат наводно кажан од жител на Жировница, а всушност напишан од страна на Центарот за коминикации со јавноста на СДСМ.

Соопштение кое во голема мера наликува на текстовите кои ги објавуваат соросовите медиуми, во кои или се содржани лаги и манипулации, или насловот не е соодејствува со текстот, или пак има повикување на наводни личности кои никогаш такво нешто не изјавиле, или пак комбинација од сите работи. Целокупната јавност се сеќава за лажните вести и лажните наводни изјави и наслови, што соросовите медиуми ги пласираа во текот на акцијата во Куманово но и за многу други вести и текстови кои ни малку не се блиску до професионалните стандарди во новинарството. Според ова станува јасно дека Заев и СДСМ продолжуваат да ги следат насоките од Сорос и да работат според нивниот начин на работа.

За да биде иронијата уште поголема, ова не е прв случај Зоран Заев во желбата да се велича самиот себеси, да наредува пишување соопштенија дека наводно некој за него кажал нешто, иако тоа никој ниту го слушнал ниту може да го слушне.

Таков е случајот и кога Зоран Заев, пред Велигден, скандалозно на веб сајтот на општина Струмица, објави вест со наслов: „Децата од Струмица: Те сакаме Градоначалниче“, од манифестација на која како што може да се види и во видеото ниту некој кажува дека го сака, ниту децата му се обраќаат, пишува порталот

Се пренесува и се пласира во јавноста не тоа што се случило, туку тоа што Заев сакал да се случи
Се пренесува и се пласира во јавноста не тоа што се случило, туку тоа што Заев сакал да се случи

Скандалозно во овој случај беше тоа што Зоран Заев прво ги злоупотребува децата за неговите лични цели и амбиции, второ ја злоупотребува општинската веб страна за остварување на неговите амбиции да биде сакан и трето злоупотребува детска манифестација финансирана од буџетот на општина Струмица за негови политички цели со измислен наслов „Децата од Струмица: Те сакаме Градоначалниче“.

Со овие два примери јасно се гледа дека секогаш кога на Зоран Заев му е потребна одредена вест за дадена поддршка од некого, а тоа реално не постои, Зоран Заев е спремен тоа самиот да си го напише, дека наводно било кажано.

 

Се пренесува и се пласира во јавноста не тоа што се случило, туку тоа што Заев сакал да се случи

Ваквото однесување на Зоран Заев доволно говори за неговата личност и неговата подготвеност за злоупотреби. Овие две соопштенија се истовремено и јасен доказ и потврда како Зоран Заев гледа на информирањето на јавноста, во кое објективноста се заменува со желбата на Заев, а реалноста со неговите замислени работи кои не се остваруваат. Односно се пренесува и се пласира во јавноста не тоа што се случило туку тоа што Зоран Заев сакал да се случи. Не тоа што било кажано туку тоа што Зоран Заев сакал да биде кажано.

Ова се стандардите во новинарството и информирањето на јавноста кои очигледно Заев ги практикува и кои сака да се воведуваат во Македонија. Ова е очигледно школата што Заев ја добива од перјаниците на Сорос за тоа како треба да се информираат граѓаните и како треба да се замајува јавноста.

После сето ова нормално во јавноста се поставува прашањето, што ќе се случи доколку Заев си замисли дека добил пофалба од некој светски лидер. Дали ќе испратат соопштение со фабрикуван и лажен цитат и од некој од светските лидери како што тоа го прават со овие две соопштенија?, стои во текстот на порталот.

 

Прочитајте повеќе:

Непотизам во Струмица: Заев го вработил пола семејство

Обвинителство e известено за нејавувањето на Заев во стурмичкиот суд