Заев ветил, па се откажал да ја објави бомбата за „Монструм“

Џефри Гордон: Зоран Заев спроведува уценувачка тактика
Џефри Гордон: Зоран Заев спроведува уценувачка тактика

„Во следните две седмици ќе објавиме се што поседуваме а вам би сакал да ви ги дадам телефоните коои ги кријат а не ви ги кажуваат на посебна средба затоа што тоа е обезбедено  со посебни истражни мерки и не можам да го објавам затоа што законски е недозволиво. Значи, вам ќе ви ги дадам. Но секако знам што очекувате од објавувањето…но тоа што ќе го објавиме е се што имаме“

sms_na_zaev_za_monstrum1
Со оваа СМС порака Зоран Заев уште пред  два месеци ветил но истовремено и се откажал од објавување на бомбата за Монструм, објави ТВ Телма.
Пораката е испратена на еден од родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро и во неа првин пишува дека бомбата ќе биде пуштена.  Но, потоа Заев најавува посебна средба на која вели дека на родителите ќе им бидат откриени  кодирани телефонски броеви од пресудата.

Заев во пораката до роднините вели дека ако ги објави ќе стори кривично дело.

Во текот на судскиот процес  беше објавено дека се работи за пет телефонски бореви, но Заев според роднините на момчињата во своите материјали има 6 броеви на функционери на ДУИ поврзани со Монструм. Татковците на момчињата се упорни и апелираат Заев иако се откажал од  јавно објавување, да им ги даде материјалите на рака, па сами да ја бараат правдата.

На последната средба со лидерот на опозицијата им било ветено дека бомбата ќе биде пуштена  и им биле покажани дел од транскриптите. Зошто нивните деца беа убиени пред три и пол години се уште не им е јасно, но вербата во судството дека ќе ги гони виновниците ја изгужбиле.

Токму затоа и денес не се појавија во Апелациониот суд каде требаше да се расправа за доживотните казни на осудените. Сметаат дека тоа е монтиран процес на кој повеќе не веруваат.

Со оваа СМС порака Зоран Заев уште пред  два месеци ветил но истовремено и се откажал од објавување на бомбата за Монструм. Пораката е испратена на еден од родителите на убиените момчиња кај Смилковско езеро и во неа првин пишува дека бомбата ќе биде пуштена.  Но, потоа Заев најавува посебна средба на која вели дека на родителите ке им бидат откриени  кодирани телефонски броеви од пресудата.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.