Заев: Вистината ќе излезе на виделина

Претседателот на СДСМ даде кратка изјава за медиумите веднаш по пристигнувањето во седиштето на СДСМ во Скопје.

– Само сакам да кажам. Охрабрете се граѓани сите и радувајте се.  Ова е почеток на враќање на слободата и демократијата во Македонија. Вистината ќе излезе на виделина пред очите на целата македонска јавност, изјави Заев.

Инаку лидерот на СДСМ, кој заедно со уште три лица се соочува со кривична пријава за сторено кривично дело „шпионажа“ и „насилство против државните органи“ претходно го предаде пасошот во скопскиот Кривичниот суд.

Премиерот Никола Груевски изјави дека Заев од него „побарал итно формирање на техничка влада, информирајќи го дека во соработка со одредена странска разузнавачка служба добил телефонски разговори од целиот државен врв, претседателот на државата, владата, и други јавни политички лица од власта и опозицијата.