Заев: Владата нема информации за руско влијание врз референдумот

Македонија нема идентификувано земји кои шират таканаречени „лажни вести“ на овие простори, изјави во понеделникот премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали гледа опасност од наводно негативно руското влијание во пресрет на референдумот.

На денешниот настан Денови на медиумите ЕУ-Западен Балкан, премирот во својот говор рече дека медиумите играат значајна улога во пренесување на точните информации. Тој е застапник за саморегулација на медиумскиот простор, а од медиумите очекува активна  транспаратнетност, а од граѓаните да ја следат практкиката – следење на вести од различни медиуми.

Говор одржа и еврокомесарот Јоханес Хан, кој ја истакна важноста на 23 и 24 поглавје во преговорите што се однесуваат на медиумите. Доколку не се спроведат, рече Хан, постои ставка со која може преговирте за влез во унијата да се стопираат.