Заев во консултација со Црвенковски за уривање на државата

Насилствата на протестите на СДСМ и СОРОС не се новина. Исто така и пристапот кон преземање на власта со уривање на државата, пишува Република.

Лично Зоран Заев на интервју за Алсат-М призна дека имал средба пред неколку дена со Бранко Црвенковски. Како рече, бил да се консултира, бидејќи „не знаел се и не се срамел да праша“.

zaev-branko2

Притоа порача дека во партијата ја имал поддршката од „бранковистите“ и од членството кое беше блиско до претходното раководство на партијата. За време на интервјуто Заев посочи дека партијата пораснала за 9.000 нови членови и тоа Албанци, што “го радувало како дете”, пишува порталот.

zaev-branko1

Врската меѓу Заев и Црвенковски е долга. Заев беше партиски функционер во штабот на Црвенковски, потоа додека Црвенковски беше претседател на државата, го постави Заев за в.д. лидер, да му го чува местото, а Црвенковски го аболираше Заев за криминалот во случајот “Глобал”.

Заев со Црвенковски исто како и сега го доведоа народот на раб на братоубинствен судир. Во ист обид СДСМ да ја превземе власта без избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.