Заев во опозиција рече дека има снимки за „Монструм“, сега бега

Поранешниот прв човек на Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија, Владимир Милчин, во емисијата „60 минути“ на ТВ Алфа,  за случајот „Монструм“ вели дека Зоран Заев пред да стане премиер кажал дека има снимки и случајот ќе биде расчистен, а сега да бега од одговори.

-Мене тоа навистина ми личи како театар на апсурд. Делува потполно нелогично и можам да го опишам како тотална збунетост на Заев, како да ги објасни работите, зошто работите бараат објаснување. Ако јас добро се сеќавам Зоран Заев и пред да биде премиер ветуваше дека тој случај ќе биде расчистен и дека има таму снимки. Тоа до сега не се случи и сметам дека тоа е страшно, додаде Милчин.

Според него, едно е пред некој да дојде на власт, а сосема друго е од кога ќе дојде на власт, односно тој има одговорност да го спроведе тоа што го ветил. Како што рече Милчин, доколку Заев и СДСМ продолжат да ги водат овие политики нема да останат долго на власт.

-Луѓето имаат премногу други проблеми за да влезат во таква уништувачка авантура. Меѓутоа, мислам дека ако вака продолжи работата, тие ќе си го кажат своето на изборите. Ова не може до бескрај да тера, оваа влада вака со тоа уценувачко партнерство од страна на  ДУИ. Не може да трае ова вечно, она што ДУИ ги интересира е профитот, парите, рече Милчин.