Заев: Во Собранието беше направено единственото можно согласно правото на Џафери

Коментирајќи го носењето на Законот на јазиците, премиерот Зоран Заев посочи во понеделникот дека она што се направи во Собранието при носењето на Законот за употреба на јазиците веројатно беше единственото можно решение согласно правото на претседателот на Собранието да констатира неделовничка и неуставна можност за блокирање за да се разгледуваат амандманите, после одлуката да се блокира функционалноста со поднесувањето 36.000 амандмани.

„Ние сме мултиетничка земја и многу е лесно да го посеете семето на национализмот, а прашање е како да изградите општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен. Апелирам Закнот да се пушти, да заживее и сите ќе видат дека не е болка за умирање, туку е за употреба на јазикот, а јазикот е за да се разбереме“, рече Заев.

Според премиерот, овој закон нема ништо да промени“ во земјата и „безобразно е“ да се зборувал дека во источна Македонија ќе морало да се учи албански јазик и дека ќе имало казни доколку не се знае или, пак, администрацијата ќе морала да учи албански јазик. Тоа, рече Заев, биле лаги.

Според него, Законот може само да го јакне ова општество во кое ќе има рамноправни граѓани „кои ќе бидат зафатени за здравството, економијата, инфраструктура, борбата против корупцијата… она што живот значи за сите“.