Заев ја отвори Пандорината кутија – Во Тирана на мала врата ја формира „Голема Албанија“

албанија

Во Тирана на мала врата формирана „Голема Албанија“. По  повод обележувањето на независноста на Албанија и Денот на албанското знаме во Тирана е формирана Унија на албански општини во регионот.

Во Унијата покрај Тирана, влегуваат и Приштина, Тетово, Улцињ и Прешево.

golema-albanija

Како што пренесува Топ Канал од Приштина и МИА, поврзувањето на овие 5 општини има за цел да се утврдат механизмите за меѓусебна соработка, во делот на урбанизмот, животната средина, културата, инвестициите.

Договрото за соработка го потпишале градоначалникот на Тирана Ерол Вељак, на Приштина Шпенд Ахмети, на Тетово Теута Арифи, на Улцињ Назив Чунг и на Прешево Шчиприм Арифи.

Каде е овде Македонија?

Лидерот на опозицијата Зоран Заев, пред неколку недели во Швајцарија во сала преполна Албанци најави дека треба да се отвори прашањето за Рамковниот договор, и повеќе од тоа, да се оди преку него.

-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.

Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, чиешто име дополнително ќе се одредува, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години.

Прва фаза

Со првата фаза е опфатена воведување на целосна двојазичност на целата теротироија на државата. Односно употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, пред сѐ во безбедносниот сектор и во институциите, во полицијата и во армијата.

Обраќањето на Заев пред албанската дијаспора во Берн предизвика лавина од реакции кај македонската јавност. Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.

Втора фаза

Во втората фаза е предвидено поделба на државата по федерални единици, кантони, односно развивање на општините во „понапреден систем на самоуправување“. Во оваа фаза би требало да се одвива и административно поврзување на федералните единици.

Трета фаза

Третата фаза од распадот на државата е отцепување на делови преку локани референдуми на шесте кантони и нивно припојување кон соседни држави. Намерата на Заев, не е нова, тој го подготвува теренот за ова сценарио подолго време.

Дека ова не се само паушални изјави на политичар, говори и фактот што ова што сега се случува е планирано подолг временски период и е создавана подолго време. Ако се потсетиме на изјавите на Љубомир Фрчковски, кој беше кандидат на СДСМ за претседател, кој јавно кој ја промовираше визијата за премиер Албанец.

Претставникот на албанската дијаспора, Муса Љамалари, веднаш по средбата со Заев дека нивна најголема заложба е федерализација на Македонија и дека за тоа разговарале и договарале со Заев.

Сите знаат дека јас се залагам за федерализација на Македонија, се разбира, тоа не го кријам, имав средба со Заев, му ја искажав поддршката, а гледајте потоа, овие новите албански партии се приклучија на протестите, рече Љамалари.

Неговите медиумски мегафони пак и пишуваа и ја поддржуваа идеја за федерализација. Героски неодамна пишуваше дека е време да се разговара за деталите како да се федерализира Македонија споменувајќи кантонални влади, посебни полиции и судови комплетно ставајќи се на страната на албанските радикалисти.

geroski-federalizacija

Имено, тврдам дека прашањето за обликот на уредувањето на заедничката држава не е целосно исцрпено со Охридскиот договор и со Уставот и дека сосема е можно во периодот што претстои идеите за федерално уредување да се наметнат како многу сериозен предизвик за  сите. Знам дека ова звучи без малку како ерес, но тоа е поради погрешното мислење дека  Охридскиот договор одлучно и темелно го затвора тоа крупно прашање, кое беше актуелно во  првата деценија од македонската самостојност и поради кое во почетокот на втората деценија  се водеше неколкумесечна валкана војна, пишуваше Героски.

Покрај сето горе споменато, СДСМ веќе идејата за двојазичност, која како крајна цел би донела федерализација, ја запиша и во својата изборна програма, па на еден „демократски“ начин и ја сервира федерализацијата на граѓаните на Македонија.

sdsm-programa-dvojazicnost

Со ова веќе нема ниту една дилема дека планот на опозицијата е не само двојазичноста во цела Македонија од градинка, туку и редефинирање со федерализацијата како крајна цел. Затоа тие предлагаат низа мерки кои се вовед во федерализирање на државата. Зад т.н. толеранција и соживот од мали нозе на СДСМ и Заев се крие официјализирањето на албанскиот јазик како службен јазик на цела територија на РМ. По теркот како што вети и самиот Заев дека секое македонско дете во РМ ќе учи албански јазик. Тоа е клучниот проект на СДСМ и Заев и ако веќе веруваат во него покоректно кон граѓаните на државата е да ја напишат отворено вистината а не да се кријат зад веќе видените фрази и флоскули, сметаат експертите.

СДСМ нуди отворање и редефинирање на организацијата на безбедносните структури, моделот на образованието, културната политика, образованието и локалната самоуправа.

Дека и Албанците, заедно со Заев и Сорос ја кројат оваа идеја е фактот што Владимир Милчин инаку доскорешниот прв човек на Сорос во Македонија, мината недела беше е одликуван „за заслуги за унапредување на Албанците“ од косовскиот претседател Хашим Тачи.

milcin-hasim-1

Во своето обраќање, Хашим Тачи ја оцени Ослободителната војска на Косово (УЧК) како најважен национален проект и „најуспешна политичко-воена организација на 20. век“. Тоа, посочува Тачи пред присутните, „не би било возможно без вас, вашата жртва и братска помош“.

Денешната церемонија е знак на благодарност кон борците и војниците кои ги дадоа животите во правичните битки на ОВК, за оние кои се бореа и кои пружиле отпор во нејзините редови- додаде Тачи, кој изрази благодарност на политичките активисти кои на време имале потребна визија, смисла и подготвеност да се ориентираат кон заштита на националните интереси, пренесува Република.

Одликувањето на Милчин не е изненадување. Минатата година организираше митинг на СДСМ на кое беа декларирани ставовите кои денеска се изборна платформа на СДСМ, двојазичност и промена на Уставот. На тој митинг присуствуваа и поддржувачи и членови на косовската бригада, на УЧК, како и нескриено се истакнуваа и симболите на Голема Албанија.

protest-sdsm-golema-albanija-1

За потсетување, ви­стин­ски­от ор­га­ни­за­тор и на про­те­стот, а, ка­ко што се чи­ни, и на по­ли­тич­ка­та кри­за во земјата, беше Вла­ди­мир Мил­чин. Се­ка­ко, ту­ка беа и при­друж­ни­те во­ка­ли во форма на граѓански здруженија, а за­ед­нич­ко на си­те, вклучително и СДСМ, е тоа што, всуш­ност, си­те тие „се хра­нат“ од џе­пар­ла­кот од Со­рос, спо­ред ра­ка­та на Мил­чин.

Имајќи ги сите овие делчиња од сложувалката, кога ќе ги поврземе, се добива многу јасна и прецизна слика: Македонија повеќе од 2 години е држена во монтирана политичка криза, сите протести, сите пари слеани од Сорос, сите јавни изјави, сите НВО, новинарски текстови, сите навидум неопасни политички изјави…сето она што се случува во регионот, а за крај последниот договор за Унија на албански општини во регионот значи само едно, распарчување на Македонија, a Заев и СДСМ помагаат во реализирање на таа идеја.

tema113-1-golema-albanija-1

Извор: Курир