сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Заев во трка по албанските гласови со Мухамед Зекири на чело

Откако претходно, со потресен статус на социјалната мрежа Фејсбук Мухамед Зекири се прости со новинарството, само еден ден подоцна одлучи да заплива во политичките води. На вечерашната седница на СДСМ, Централниот одбор на партијата едногласно одлучи нов член на Централниот Одбор на СДСМ да биде Мухамед Зекири.

zekiri-i-zaev-qiri_620x320_617933202

Поврзани вести

Откако претходно, со потресен статус на социјалната мрежа Фејсбук Мухамед Зекири се прости со новинарството, само еден ден подоцна одлучи да заплива во политичките води. На вечерашната седница на СДСМ, Централниот одбор на партијата едногласно одлучи нов член на Централниот Одбор на СДСМ да биде Мухамед Зекири.

Имено и досега беше јасна тесната поврзаност помеѓу Зекири и СДСМ. Но, ако досега, затскривајќи го сопствениот национализам зад новинарството Зекири одработуваше во сенка, сега по се изгледа Заев му ја дава челната улога во битката за албанските гласови на престојните избори.

Ваквото радикално однесување на Зекири не ги изненади оние кои подобро ги познаваат неговите ставови. Имено, Мухамед Зекири беше еден од првите кои го пробија полицискиот кордон и се туркаше со полицијата на протестот организиран од ЗНМ и повеќе здруженија пред Музејот на Македонската борба“.

zekiri

Претходно, додека сеуште  беше новинар, секоја критика врз него, Зекири се обидуваше да ја прикаже како напад врз слободното новинарство во што редовно се приклучуваше и заштитникот и негов пријател Насер Селмани со кого на денот на револуционерната борба 23 октомври протестираа.

Селмани отворено го бранеше Зекири и при цензурата на тогашниот уредник на Алсат врз Васко Ефтов и неговата емисија „Во Центар“. МАН тогаш реагираше дека изјавата на Зекири е темелен говор на омраза, и ретко видена во новинарската професија во Македонија, особено кога се работи за колега со углед и високи стандарди.

Колку за информација, емисијата „Во Центар“ со автор на кој од хигиенски причини не сакам да му го споменам името повеќе нема да се емитува на Алсат М. Емисијата и до сега беше надворешен проект и не беше во продукција на Алсат М и никогаш не беше поддржана со уредувачката политика на ТВ Алсат, напиша Зекири.

И додека од една страна постојано повторуваше дека власта сакала да го замолчи, од друга Зекири на аџилак се фотографираше со портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. Во 2013-та година, по покана од саудискиот крал Абдула, Османи и Зекири, го извршуваа едниот од петте столба на исламот -аџилакот во Мека и Медина, Саудиска Арабија. Тие, заедно со неколку милиони аџии од целиот свет, се поклонија на светите места.

adzilajk_thumb_medium500_288

Веста дека се на аџилак Османи и Зекири ја споделија на социјалната мрежа Фејсбук. Таму ставија и фотографии, каде што облечени во бели наметки им го честитаат празникот Курбан-бајрам на своите роднини и пријатели. И додека Зекири тврдеше дека „сателитите на власта се обидуваат да го замолчат и заплашат“, истовремено се фотографираше со портпаролот на Демократската унија за интеграција, која е дел од власта.

Зекири тогаш не одговори на низа прашања на Курир за тоа какво искуство е аџилакот и какви впечатоци носи од Саудиска Арабија, како и кој го финансирал неговотo патување во Саудиска Арабија.

Тогашниот уредник на Алсат не одговори дали ќе ја осуди забраната на жените да возат, дали ја осудува смртната казна за хомосексуалци и  што мисли за правата на христијаните во С. Арабија, односно дали би се потпишал на петиција за изградба на првата црква во Саудиска Арабија, бидејќи таму има 2 милиони христијани кои немаат ниту една црква.

35

Истиот Мухамед Зекири, кој синоќа стана член на Извршниот Одбор и Централниот Одбор на СДСМ, пред извесно време тврдеше дека во Избирачкиот список имало 500.000 спорни гласачи и на истиот фигурирале 60.000 мртви. Зекири тврдеше дека од 500.000 гласачи, 195 илјади биле евидентирани како фиктивни гласачи.

Зекири, кој заедно со “шарените“ речиси секојдневно учествуваше во таканаречената револуција, беше дел од оштетувањето, сквернавењето и демолирањето на македонските спомен-обележја. Радикалниот Муки, со кого СДСМ сега ќе лови гласови, секако во ниту еден момент не оштети ниту еден албански споменик.

28 12 11 5

Најчитани вести