понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 85

Заев за лични интереси е подготвен да ја продаде државата – Македонците од дијаспората згрозени

Заев на дебата насловена „Македонија на прагот на избори: Промени, илузија или реалност“ отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.

zaev

Последни вести

Со низата изјави за проширување на рамките на Охридскиот Рамковен договор, воведување на двојазичност во земјава, опозицискиот лидер според познавачите, игра опасна игра со цел предизвикување на внатреалбански конфликт кој пак би можел да продуцира одредена конфликтната ситуација со која би можела да влијае на изборите на 11-ти декември или да ги пролонгира.

Првиот човек на СДСМ од Швајцарија порача дека ќе бара и рамноправност во земјава, отворено критикувајќи ја Македонија и застана во одбрана на Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Посочи дека во односот со соседните земји – грешката била во Македонија.

„Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец. И не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија“, изјави Заев.

Заев на дебата насловена „Македонија на прагот на избори: Промени, илузија или реалност“ отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.

Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинески, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски- француски, албански- албански, македонски- македонски, да се ослободиме, истакнал опозицискиот лидер.

Според новинарот и аналитичар Васко Ефтов, мотивите на Заев не се само собирање на што е можно поголем број албански гласови, посочувајќи дека со такви изјави не можел да освои значителен број на гласови и истите нема да имаат голема вредност за него, бидејќи, како што потенцира новинарот Ефтов, на Заев му се потребни гласови во Четвртата изборна единица, бидејќи таму ќе се определува кој ќе биде новиот премиер на Република Македонија, а таму како што вели тој, не гласаат Албанци.

„Зоран Заев со ова ги дразни албанското гласачко тело, ги драматизира состојбите внатре во албанскиот политички блок, а во тоа гледа единствена шанса да бидат пролонгирани на еден или друг начин изборите. Или да биде направен одреден конфликтна ситуација која може да влијае на изборите или на текот на изборите“, посочува Ефтов.

Според него Заев, само се обидува да предизвика поголеми тензии во албанскиот гласачки кампус.

„Зоран Заев е единствена светла точка на албанскиот фактор на Балканот, и тоа се случува во ситуација кога Албанците се попарени после поразот на Хилари Клинтон бидејќи многу очекуваа од неа. Косово навистина е чедо на Хилари Клинтон и во момент кога се попарени се појавува „спасителот“ Заев и тој ќе ги спасува албанските национални интереси, плус тоа ќе го решава името на Република Македонија, што покажува дека улогата на оној негов духовен татко кој е член на МПЦ и желбата за внатреалбански конфликт за да го сензитира албанското гласачко тело се две клучни работи. Но тоа значи дека македонското прашање преку Зоран Заев уште долго време ќе треба да биде држено отворено“, потенцира Ефтов.

Скандалозните изјави на лидерот на Заев дадени пред Албанците во Швајцарија предизивикаа револт и загриженост кај македонската дијаспора. Со свои реакции денес се јавија Македонците од Јужна и Западна Австралија како и од Темпа, Флорида.

„Особено сме згрозени и навредени од фактот што лицето Зоран Заев аболициран за криминал од 8 милиони евра, обвинер за поткуп од стотици илјади евра и обвинет за насилство, без трошка срам и македонштина во себе во Швајцарија најави дека ќе ја федерализира Македонија. Овој човек заедно со сите негови истомисленици за уништување на Македонија и нејзино редефинирање, мора да замине во историјата“, велат Македонците од Флорида кои додаваат дека Заев е најтемниот лик во модерната историја на Македонците.

„Заев ги потврдува скандалозните изјави со кои најавува промена на Уставот на Република Македонија и газење преку загинатите бранители за да ги исполни барањата на Албанците. СДСМ и Заев дефинитивно делуваат антидржавно, за овој човек ништо не е свето, за него се е на политичка распродажба само за да дојде на власт. Него не му се важни националните интереси“, велат од Обединети македонски организации на Западна Австралија.

„Со голема загриженост ги следиме настаните пред престојните парламентрани избори, а пособно настапите на лидерот на здружената опозиција кој нема ниту еден настап а да не ги омаловажи вредностите на Македонците. Посебно загрижува фактот, што Заев претендира да биде идниот претседател на Владата“, велат од македонската дијаспора од Јужна Австралија.

Скандалозните изјави на Заев деновиве ја брануваат јавноста. Од владејачката партија сметаат дека тоa што СДСМ побара медиумите да не известуваат за ветувањата пред албанската дијаспора во швајцарија претстравува признание дека редефинирањето на уставот, воведувањето двојазичност и федерализацијата на државата, СДСМ го третира како предизборен проект ветен во замена за неколку стотици албански гласови.

„Тоа што СДСМ го стори вчера беше потврда за срамните ветувања кои аболицираниот Зоран Заев ги даде пред албанската дијаспора во Швајцарија.СДСМ вчера побара граѓаните на Република Македонија да не дознаат, односно да не бидат информирани за пазарењето со највисоките национални интереси од страна на нивниот лидер, аболицираниот Зоран Заев. СДСМ побара медиумите да не известуваат дека аболицираниот Заев пред албанската дијаспора призна дека тој бил човекот што храбро го отворил прашањето на двојазичноста и храбро одлучил да поставува двојазични табли на штабовите на СДСМ. СДСМ им се закани на медиумите да не објавуваат дека аболицираниот Заев на албанската дијаспора и вети дека рамката на Охридскиот договор не била доволна и дека тој ќе ја проширувал, на линија на ветувањата за менување на Уставот. СДСМ вчера побара до граѓаните да не стигне информацијата дека Зоран Заев ја обвини Македонија дека во нас е проблемот за сите отворени спорови со соседите, вклучувајќи го и спорот за името со Грција“, вели Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат и дека членовите на опозицициската СДСМ, треба да се срамат политиката на партијата и од антидржавните ветувања на нивниот лидер Зоран Заев.

Најчитани вести