Заев за Меѓународниот ден на балканските Египќани: Градиме општество на еднакви граѓани, Египќаните се почитуван дел од Maкедонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во чест на 24 јуни, Меѓународниот ден на балканските Египќани, упати честитка до граѓаните на Република Македонија кои го празнуваат овој ден.
„Го честитам денешниот Ден на балканските Египќани, на сите граѓани во Македонија кои го празнуваат, во име на Владата на Република Македонија и во мое име.

Египќаните во Македонија се дел од богатата историска и културна традиција на Република Македонија, кои и денес активно придонесуваат во демократските процеси, достигнувањата и развојот на државата.

Почитувањето на етничкиот идентитет и правата на оваа заедница, пораката на што се темели одбележувањето на овој датум, е во согласност со стратешката определба на Владата на Македонија, да ја гради Република Македонија во современо, европско општество, со еднакви шанси за сите граѓани.

Повикувам да продолжиме уште помотивирано да ги развиваме меѓусебните односи и преку унапредувањето на човековите и демократските вредности, правдата, еднаквоста, слободата, одговорно – како чесни граѓани, заеднички да придонесеме кон квалитетен живот и сигурна евро-атланстка иднина на Република Македонија“, порачува“ премиерот Заев во ќеститиката до граѓаните што го празнуваат Денот на балканските Египќани во Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.