Заев за РТК1: Албанското знаме ќе биде во партијата кога Албанците ќе го побараат тоа

Во интервју за косовската телевизија РТК1 во емисијата „Jeta në Kosovë“ лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на прашањето на водителката каде е албанското знаме, мислејќи во просториите на партијата одговара дека знамето ќе биде во партијата кога Албанците ќе го побараат тоа, пренесува порталот „Курир“.

-Албанското знаме ќе биде тука кога Албанците ќе го побараат тоа како членови на партијата. Ја знаете средината во која се организираше протестот? Ја видовте се надевам. Никој нема проблем, не само Заев, вели лидерот на СДСМ во интервјуто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.