Македонија

Заев за три недели имаше интервјуа на три телевизии, а се жали дека немал простор во медиумите

Заев за три недели имаше интервјуа на три телевизии, а се жали дека немал простор во медиумите

Зоран Заев постојано вели дека слободата на медиумите е загрозена и дека пишаните и електронски медиуми во земјава не и оставаат доволно простор и внимание на опозицијата. Но, фактите покажуваат дека ова е далеку од вистината, пишува Курир.

Ако се направи една ретроспектива ќе се види дека Зоран Заев за три недели гостуваше и направи интервјуа на три одделни телевизии кои национално емитуваат програма.

Прво, гостуваше на 24 Вести. Опозицискиот лидер на оваа телевизија гостуваше на 11-ти февруари.

24vestii

Еден ден подоцна, на 12-ти февруари, првиот човек на опозицијата имаше интервју и на ТВ Алсат, каде гостуваше во емисијата „Патот кон…“ на Мухамед Зекири.

alsatzzz

Интервју за актуелните теми, лидерот на СДСМ даде и на ТВ Телма пред два дена, каде гостуваше во емисијата „Топ Тема“.

ttelmaaaa

На сите интервјуа опозицискиот лидер говореше за актуелните политички состојби во земјава и слободно си го кажуваше мислењето на три одделни телевизии кои национално емитуваат програма. Тоа јасно покажува дека слобода во медиумите ИМА. И простор за опозицијата и Зоран Заев ИМА, наспроти секојдневните обвинувања токму од Заев и неговата партија.

Од друга страна, доколку се навлезе и во ориентацијата на медиумите на кои гостуваше Зоран Заев, ќе се види кристално јасно дека опозицијата поседува најмалку три телевизии со проопозициска  уредувачка политика. Ако на сево ова се додадат и печатените медиуми, како и ергелата на медиуми и портали, ќе се види дека СДСМ и СОРОС контролираат најмалку 30-тина медиуми.

Овие факти се демант на изјавите на Зоран Заев. Неговите изјави дека нема слобода на медиуми и дека во медиумите нема место за Зоран Заев се побиени. Очигледно е дека опозицијата темата со медиумите ја користи само за политизација.