Заев засекогаш ќе остане должник на странските служби

Ниту Зоран Заев повеќе не може да се одлучи кој му ги дал материјалите за “бомбите“ како што сам ги најавуваше, објавува Курир. Прво кажа дека за тоа му помогнале странски служби, па службите од Македонија, а спомна и дека македонски граѓани му давале материјали.

За експертите, политичките аналитичари и јавноста е сосема јасно дека во ваква акција лидерот на СДСМ може да биде поведен и придружуван само од странски служби чија цел е дестабилизација на Македонија.

Опозицискиот лидер дозволи да биде најслабата алка во синџирот кој непријателите на земјава од надвор, сакаат да го внесат во Македонија, спроведувајќи ги своите идеали. Јасно е како ден- дека нивната цел не е во корист, туку во силна штета за нашата држава.

Тогаш, логично, се поставува прашањето: Ако Зоран Заев сега како опозиционер има тесна соработка со странски елементи, како ќе работи некогаш кога ќе дојде на власт? На упатените им е сосема јасно колку чинат материјалите дадени од оние кои посакуваат дестабилизација на Република Македонија.

Универзитетскиот професор Ненад Таневски вели дека не е познато за чии интереси ќе работи Заев.

-Криење на информации за кривични дела, во овој случај сознанија за постоење на странски служби го прави лидерот на опозицијата соучесник и се става кредибилитетот под знак прашалник. Повторно ќе прашаме за чии интереси ќе работи и како се пазарил за да добие информации од странска разузнавачка служба, рече тој.

Зоран Заев ќе остане заложник на своите “пријатели од надвор“. На оние кои го снабдувале со материјали, тој ќе им остане должник. Ако еден ден овој човек дојде на власт, поголем дел од својата работа ќе мора да го посвети на странските разузнавачки служби, на кои ќе им должи големи услуги.

Според експертите, градоначалникот на Струмица во земјава ќе стои како “темпирана бомба“, која ќе се активира која странските елементи ќе сакаат да направат било каква “експлозија“ во Македонија.