Писмото на Заев до Верушевски покажува дека прислушувањето е однадвор

Станува се појасно дека Зоран Заев соработувал со странските тајни служби и од нив добил информации со кои лидерот на опозицијата му се закануваше на премиерот Никола Груевски, на граѓаните и на своите соработници.

Уште појасно е кој му помагал во нелегално собирање на таквите материјали, кои Заев ги најавуваше како “бомби“.

Градоначалникот на Струмица кој претендира да дојде на власт и стане премиер, со ова однесување исполнува странски интереси  за дестабилизација на Македонија, објавува порталот „Курир“, пренесува Нетпрес.

Мафтајќи со таа документација, му се закани на премиерот, фалејќи се дека истата ја стекнал од странски служби. Така се јави како четвртоосомничен во полициската акција „Пуч“, каде првоосомничен е Зоран Верушевски.

Заев прво негираше дека воопшто го познава овој човек, но потоа замолче откако во јавноста излегоа докази дека не само што се познавале, туку стоеле многу добро. Еден од доказите е писмото кое Заев му го испратил на Верушевски.

Во него, меѓу другото е наведено:

„Работата која ја чекаме од пријателите од надвор … е завршена. Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на Премиерот … (овде е напишана првата буква од името на премиерот. Нашиот извор не сака да открие за кого станува збор но вели дека е премиер на странска држава) кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие“.

Лидерот на СДСМ сам себе се демантира, но одбраните му се толку невешти и провидни, што тоа повеќе не му оди во прилог.

Сценарио на пријателите од надвор на Зоран Заев

 Зоран Заев сам си потврдува дека соработувал со странски служби и од нив добивал материјал за “бомби“ кои ќе ги детонира во Македонија. Со Зоран Верушевски, очигледно биле добро упатени во тоа.

Како што може да се види од извадокот од писмото, Заев го информира Верушевски дека е “завршена работата која ја чекале од пријателите од надвор и дека сите детали се прецизирани“.

Заев и луѓето околу него, како што самиот пишува тој, биле пресреќни што е тоа така.

Сега, по личното признание на Заев, станува јасно дека целото сценарио е искреирано од неговите пријатели кои работат надвор од Македонија. Но, што носи тоа со себе? Значи ли дека информаторските служби надвор од Македонија имаат и цели за придобивки надвор од нашата земја.

На странските служби со кои Заев соработува главна цел им е дестабилизација на нашата држава, сметаат познавачите. Според нив, тие одамна имаат сценарио за Македонија, но сега во лидерот од Бихаќка ја најдоа “слабата алка“ за оформување на синџирот.

За писмото Заев-Верушевски молк по наредба

Писмото кое Зоран Заев му го испратил на Верушевски, го објавија само дел од македонските медиуми и го искоментираа само мал дел од политичките аналитичари и експерти.

Ниту еден од медиумите блиски до опозицијата, финансирани од СОРОС, не се дрзна да го објави ова писмо кое стави сомнеж на сето она што го говореше нивниот партиски лидер.

Молк и од сопартијците на Заев. Ниту еден не застана да објасни дали нивниот претседател дрско излажа или невешто се одбрани?

Од оваа тема бегаат сите, затоа што така им одговара. Зборовите напишани од лидерот Заев, директно ги погазуваат сите негови обиди да ја замајува јавноста, но пред се и партиското членство.

Зоран Заев и Зоран Верушевски имале тесна соработка- тоа се докажува преку меѓусебната комуникација.

Се докажува и дека имаат заеднички пријатели од надвор од земјава. Писмото не прецизира за кои пријатели од надвор станува збор, но јасно е дека станува збор за лица од „општествените позиции врзани за проблематиката со која тие работат“.

terordnevnik

Дневник: Заев врши терор и сее страв!

Дневниот весник „Дневник“ анализира дека изјавите на Зоран Заев дека тој има прислушкувани снимки за огромен број на граѓани, само влеале страв кај луѓето. Конкретно- заканите на Заев се терор и сеат страв кај македонското население.

-Kој е мотивот да се пушти снимката за извесен Ирфан, освен сеење страв кај граѓаните на РМ и обид јавноста да се убеди дека евентуалните материјали за посериозни нешта се вистинити, а не монтирани. Kој е јавниот интерес во разговорите што завчера како „бомба“ за рушење на „криминалната“ власт и „враќање на демократијата и слободата“ во државата ги објави првиот социјадемократ Зоран Заев? Зошто од илјадници материјали за масовно прислушување на 20.000 илјади граѓани, како што самиот тој тврди, Заев одбра да објави 11 приватни разговори во кои слушаме за меѓупартиски и лични односи во владејачката ВМРО-ДПМНЕ, за лични односи на Заев со неговата ќерка, за болен пријател на Али Ахмети и Фатмир Дехари, за познајник на Мендух Тачи, кој патувал илјадници километри сам? Kаква слобода на говор е тоа и какво функционирање на демократската опозиција е тоа, освен ако не се работи за сценарио за сеење страв меѓу граѓаните на РМ? Наспроти постојаните најави на Заев дека ова се прави „за враќање на слободата и демократијата“ во државата, за заштита на јавниот интерес и самиот Заев признава дека не е сигурен оти се ова што прави ќе заврши во интерес на државата, и тоа го повтори во неколку наврати, говорејќи дури и за нарушен углед на државата, пишува Дневник.

Вулгарност со слободата и приватноста

Зоран Заев, неговата најтесна придружба на врвот на опозицијата, функцинерите на СДСМ и високото членство, се претставуваат себеси како бранители на слободата. А токму тие, направија најголем удар кај граѓаните кои ги принудија да се плашат слободно да го минуваат секојдневието и да стравуваат од излегување во јавност на нивната приватност.

Секој граѓанин изминативе недели почувствува страв и параноја. Се плашат луѓето од тоа колку некој е подготвен да ја наруши нивната приватност, и да објави снимки од нивни разговори со своите најблиски.

На Зоран Заев устата “му фати пена“ од зборување дека во државава нема слобода на говор, слобода на избор, демократија и заштита на приватноста. Истиот Зоран Заев, според се почестите докази, соработувал со странски служби и објавува прислушкувани муабети, а се заканува дека ќе продолжи со тоа.

Како Заев ќе им се обрати во лице на оние пред кои се претставуваше како борец за подоцна да ги натера да се чувствуваат како заробени?