Загаден воздухот во Скопје, Тетово, Кавадарци и Велес

Воздухот утрово е загаден во сите скопски општини, Тетово, Кавaдарци и Велес.

Високи концентрации на ПМ10 регистрираа мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба, Ректорат, како и во Тетово и Велес, каде што се евидентирани меѓу 500 и 1.000 микрограми ПМ10 честички на метар кубен.

Со високи концентрации на ПМ10 е и воздухот во Кавадарци, Кичево и Миладиновци каде се измерени меѓу 300 и 350 микрограми.

Во рамки на дозволеното ПМ10 честичките се само во Лазаропол со измерени 20 микрограми на метар кубен.