среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Загадениот воздух е најголема закана за Европа

Наспроти подобрениот квалитет на воздухот, напорите за справување со загадувањето во Европа треба да се зголемат поради високата цена по животот на луѓето и животната средина, соопшти денеска Европската агенција за екологија (ЕЕА).

воздухот

Поврзани вести

Загадувањето на воздухот е најголемата поединечна еколошка закана во Европа, наведе Агенцијата, чие седиште е во Копенхаген.

Според нејзина проценка, во 2013 година имало речиси 470 илјади случаи на предвремена смрт во 41 европска земја, кои се тесно поврзани со загадувањето на воздухот.

Фините честички како и озонот и азотниот диоксид предизвикуваат или ги зголемуваат респираторните проблеми, срцевите болести и канцерот и водат кон кратење на животниот век, истакна ЕЕА.

Озонот е исто така причина за загадување на земјоделските култури.

Неопходно е да се направат напори од страна на властите и грѓаните и да се издејствува намалување на штетните емисии, изјави раоводителот на ЕЕА, Ханс Браунинкс.

Најчитани вести