Македонија

Според мерните станици Загадениот воздух не’ труе, не реагира никој

Загадениот воздух не’ труе, не реагира никој

Воздухот во Скопје, Битола и Тетово и утрово е загаден, иако концентрациите на ПМ10 чекстичките се пониски од оние во текот на ноќта.

Мерните станици утрово измерија концентрации на ПМ10 честичките од 120 микрограми во Тетово, 165 во Битола, Центар 140, Карпош 135, Гази Баба 96,  Лисиче со највисока загаденост утрово 185, додека во ректорат 166 микрограми.

Според измерените ПМ10 честички, синоќа околу 22 часот загаденоста била на највисоко ниво.

Куманово вчерaвeчер беше најзагаден град во Македонија. Втор најзагаден град вчеравечер беше Скопје, каде што нивото на ПМ10 честички на мерната единица во Лисиче покажува 365.

Воздухот има над-нормално загадување од овој тип.

Избегнете подолги периоди на отворена површина. На мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба.