Загадувањето ги собра скопските градоначалници на итна средба

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, ги свика на итен состанок сите градоначалници на скопските општини, на разговори за енормното загадување на амбиенталниот воздух во главниот град и неговата околија, соопштија од неговиот кабинет.

Загадувањето на воздухот во Скопје достигна алармантни размери во изминатиов период. Според истражување кое беше направено по барање на градот Скопје, најголем загадувач се домаќинствата кои се греат на дрва, на второ место се возилата, а трети се индустриските објекти.

Во среда, пак, е најавен протест на граѓани и активисти организирани преку социјалните мрежи. Тие бараат конкретни мерки од институциите: воведување пар-непар возење, забрана за движење на возила кои се без катализатори за издувни гасови, бесплатен градски превоз цела зима, зголемен број на инспекции, обезбедување на бесплатен огрев за граѓаните кои се греат на гуми како и привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети. Протестот ќе се одржи во 17 часот во Градскиот парк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.