Загадувањето на воздухот во Скопје неколкукратно зголемено

Зелените полиња кои гарантираат чист воздух вчера се обоија во портокалово и виолетово. Канцерогените ПМ честички неколкукратно ги надминаа дозволените вредности.

Густи магли од смог надвиснаа над скопските општини Центар и Карпош, како и Аеродром. Таму, во приквечеријата воздухот станува опасен по здравјето на граѓаните.

Покрај скопјани, естремно загаден воздух дишат и битолчани, тетовци и кумановци. За да се заштитат граѓаните се затвориаја во домовите, а надлежните иснтитуции останаа затворени за информации.

За конкретни мерки допрва ќе говорат. Во моментот потенцираат само дека вина за повторување на минатогодишната алармантна сосотојба со воздухот ја делат и граѓаните.

Меѓу загадувачите е и пластиката што се пали по течението на Вардар. Сомнежите се дека токму таа е најголем проблем во скопски Карпош.

Светските статистики говорат дека загадувањето директно вилјае врз порасот на малигните заболувања. Овој период зголемени се и респираторните проблеми кај граѓаните. Болниците, особено детските одделнија се преполни. Во комбинација со вирозите, загадениот воздух дополнително го комплицира здравјето на граѓаните.