Балкан

Загина 10 годишно дете на Миконос

Загина 10 годишно дете на Миконос

Десетгодишно дете, вчера загина на грчкиот остров Миконос, соопшти полицијата.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, детето се возело на популарната играчка „банана“ која ја влечел глисер. Во еден момент тоа изгубило рамнотежа и паднало во морето, а кога возачот на глисерот го свртел чамецот за да го провери, го удрил со пропелерот на моторот и детето починало на лице место.

Возачот на глисерот и сопственикот на фирмата за игри на вода се уапсени.