Загина 19-годишно момче, неколкумина повредени, изгоре „мерцедес“

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа во којашто во четвртокот утрото  учествувале четири возила на патот Битола – Прилеп.

Во несреќата учествувале „рено твинго“ и „шкода’ со битолски регистерски таблички, „мерцедес“ со скопски таблички и камион МАН, со велешки регистрација.

Во сообраќајката загинал 19-годишниот Т.Ѓ. од Битола, потврдил за локалниот портал „Шеталиште“ портпаролот на СВР Битола, Лефтерија Миленковска.

 Во сообраќајката изгорел мерцедесот, а имало и уште неколкумина повредени лица.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.