Загина 23-годишно момче кај Велес (ФОТО)

(Фотографии Курир.мк)

Во средатата утрото 23-годишен кавадарчанец загинал во сообраќајна несреќа којашто се случила во близината на Велес.

Загинатиот бил возач на камион со приколка од марката „Сканија“, кој од засега непознати причини се излизгал од патот при што се прекршил, а едниот дел од возилото висело над провалија.

Сообраќајната несреќа се случила на влезот во градот од источна страна од Велес.

По несреќата, веднаш интервенирала екипа на итната медицинска служба, која успеала да го извлече возачот од провалијата и да го пренесе во велешката болница. Веднаш му била дадена прва помош, но поради сериозноста на здобиените повреди тој починал во болницата.

На местото на несреќата трае увидот во присуство на основен јавен обвинител и на екипи на СВР Велес. Од полицијата велат дека во текот на денот, односно по завршувањето на увидот ќе дадат подетални информации за причините на несреќата.

kamion

 

kamion-2

 

kamion-3

 

kamion-4

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.