Загина фотографот Налбантанов

Фотографот на познатата бугарска новинска агенција БГНЕС, триесет и двегодишниот Петко Налбантанов денес загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи кај бугарскиот град Ловеч.

Во несреќата тешко повредени се двајца новинари, кои се борат за живот.

До несреќата дошло додека патувале кон Велико Трново каде се одржува прослава за Денот на бугарската независност.

Бугарските медиуми известуваат дека возилото во кое бил Налбантанов се судрило со друго возило, а двајцата тешко повредени новинари се однесени во болница и се во критична состојба.