Загина францускиот скијач Поасон

Францускиот Давид Поасон почина од повредите добиени при пад на тренинг за спуст трката во канадскиот зимски центар Накиска, соопшти Францускиот скијачки сојуз.

Најголем успех на 33-годишниот Поасон беше освојувањето на сребрената медала во спуст на Светското првенство во 2013 година во Шладминг, а бронзен беше и на Светското првенство во Санта Катарина во 2005 година.

Ланската сезона францускиот скијач беше победник на престижната трка во спуст во Китцбил, а тоа му е и единствената победа во Светскиот куп, во кој 11 пати се качуваше на победничкиот пиедестал.