Загина градежен работник во Кавадарци

Загина градежен работник во Кавадарци
Загина градежен работник во Кавадарци

Градежен работник попладнево почина во Кавадарци како последица на повредите со кои се здобил при пад од покривна конструкција.

На местото на настанот се врши увид од кавадаречката полиција и од инспектор за заштита при работа.

-Настанот се случил околу 15.15 часот во хала која се наоѓа во просториите на агрокомбинат ДИК „Страшо Пинџур“. Лицето извршувало градежни работи, паднало од покривната конструкција и починало, информираа од СВР Велес.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.