Загина градежен работник во Маврово

Градежен работник загина вчера во Маврово откако паднал од петиот кат од зградата на која работел.

МВР соопшти дека вчера околу 10:40 часот во Маврово, при работа на изградба на нов објект односно поставување на плоча, од петтиот кат паднал Џ.Ш. (47) од с.Добри Дол-Гостиварско, вработен во АДГ„Пелагонија“, при што починал на самото место.

Увид извршила екипа од Полициската станица – Гостивар. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.