Загина хрватска новинарка под неразјаснети околности

Екипа на хрватското Прво радио во неделата објави дека на италијанските Алпи во несреќа загинала нивната колешка 26 годишната Ања Гргиќ, пренесува Нет.хр

Во соопштението се наведува дека девојката настрадала во италијанските планини, а дека околностите за нејзината смрт се уште се утврдуваат.

Според италијанските медиуми, несреќата се случила на Алпите, на највисокиот врв од трите врвови во јужен Тиролу во Италија.

Девојката била со колега алпинист (29) со кој тргнала за да го освои врвот Лавареда. Откако се искачиле на Гран Чимо, започнале да се спуштаат, но застанале бидејќи Ања била исцрпена.

Нејзиниот колега ја оставил на сигурно и тргнал да бара помош, но и него го фатила ноќ. Не можел да повика помош бидејќи немало сигнал.

За жал, девојката во текот на вечерта се смрзнала, а помошта стигнала кога двајца австриски алпинисти наишле на 29-годишниот аплинист  и повикале помош, пренесува Нет.хр.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.